Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > (ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него
БАЛКАН

(ВИДЕО) Нападнат српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас од група која лепела плакати против него

Објавено December 20, 2024 11:01
Сподели
Сподели

Лидерот на српската опозициска Партија на слободата и правдата и пратеник во парламентот на земјата, Драган Ѓилас, доцна синоќа е нападнат од група млади момчиња кои лепеле плакати против него на фасади од згради во Белград, пренесува Н1.

Во инцидентот, исто така, е нападнат и повреден функционерот на партијата, Ѓорѓе Алексиќ, кој по нападот заедно со Ѓилас заминал во белградскиот Ургентен центар на лекарски прегледи во кои на двајцата им се констатирани повреди.

Партијата на Ѓилас на социјалните мрежи објави снимка од инцидентот на која се гледа како опозицискиот лидер им приоѓа на неколку млади момчиња покрај зграда во Белград и ги прашува што прават.

Banditi koji lepe plakate tuku Dragana Đilasa… pic.twitter.com/CFFIOY9naZ

— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) December 19, 2024

Потоа, како што може да се види од снимката, настанува расправија меѓу нив која и покрај повиците на дел од придружниците на Ѓилас за смирување на тензиите прераснува во тепачка.

Лидерот на српската опозициска партија, во изјава за Н1, по прегледот во Ургентниот центар, дадена рано утрово, вели дека групата што го нападнала била предводена од Лука Петровиќ, кој, како што додава, е секретар за инвестиции во Градот и еден од најважните луѓе во владејачката Српска напредна странка (СНС).

Инцидентот, како што пренесува Н1, се случува откако изминатите неколку дена на повеќе места во Белград се појавиле плакати на кои членови на опозициската партија и нејзиниот лидер се претставени како крадци.

„Тоа не беше тепачка. Сигурно не дојдовме ние двајца да се расправаме со десетмина… Дојдовме да ги прашаме зошто го прават тоа, зошто поставуваат плакати кои луѓето ги гледаат и навредуваат некого, за кои со години тврдат дека не се нивни, но – како што гледате – тие се нивни и зад нив стои (Александар) Вучиќ и таа организирана криминална група. Плакати беа залепени и пред неколку години на училиштето каде што одат моите деца. Лука Петровиќ ми кажа дека сум крадец и дека поради тоа ги лепат, а потоа ме удри првпат. Ме удираа неколкупати. Се браневме колку што можевме, но на крајот ме соборија. Ѓорѓе (Алексиќ) се обиде да ме заштити, него повеќе го удираа од мене. Кога заврши целата ситуација, тие си заминаа трчајќи без никаков проблем“,вели Ѓилас во изјавата за Н1 по прегледот во Ургентниот центар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
Следна Статија Мицкоски: Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин

Со поставени над 50 блокади низ цела Грција, меѓу кои и на граничните премини кон нашата земја, кон Бугарија и…

December 9, 2025
БАЛКАН

И Грција ќе го менува Уставот

Вештачката интелигенција да му служи на човекот; забрана за воведување ретроактивни даноци; систем на оценување на државните службеници; зголемување на…

May 7, 2026
БАЛКАН

Закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани судови и јавните институции

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни…

July 7, 2026
БАЛКАН

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, а со години не оделе на работа

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?