Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
ЗАБАВА

(Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години

Објавено October 27, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Документарен филм во два дела насловен „Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ ќе биде прикажан на британската ИТВ за неколку дена. Деновиве се објавени неколку кратки клипови, а во еден Вилијам го споменува својот брат Хари.

Многумина беа изненадени што принцот го спомна братот со кој не е во добри односи. Тоа е првпат јавно да го каже неговото име во последните шест години, од заедничко учество на Форумот на Кралската фондација во 2018 година.

Вилијам се присети на моментот кога неговата покојна мајка принцезата Дијана првпат го однела во добротворната организација за бездомници „Пасаж“.

„Мајка ми ме однесе во ‘Пасаж’. Всушност, таа не’ однесе мене и Хари таму. Мислам дека тогаш имав 11 или можеби 10 години. Никогаш порано не сум бил на такво место, па бев малку загрижен, не знаев што ме чека таму“, рече Вилијам.

Принцот ги раскажа деталите за тоа што се случило тој ден.

„Мајка ми го правеше своето вообичаено, се смешкаше и се шегуваше со сите. Се сеќавам дека мислев: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, беше неверојатно колку е среќно опкружувањето. Се сеќавам на добрите разговори, играњето шах, и тогаш се сетив дека постојат други луѓе кои немаат ист живот како мојот“, изјави Вилијам.

Браќата неодамна присуствуваа на погребот на деверот на нивната мајка, лордот Роберт Фелоус. Тие седеа одделно во задниот дел на црквата и не зборуваа. Долго време не се блиски, а британските медиуми пренесуваат дека не разговарале речиси две години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Вистинската закана за демократијата се оние кои го обвинуваат Трамп за истото
Следна Статија Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(ВИДЕО) Снимена е неверојатна појава на врвот на Кепсовата пирамида – никој нема објаснување

На социјалните мрежи кружи необично видео од Кеопсовата пирамида, најголемата и најстарата од трите пирамиди во близина на Гиза, а…

October 17, 2024
ЗАБАВА

„Бисер Балкански“: Прекрасна пијано-верзија како честитка за Македонците по повод Бадник и Божиќ

Младиот македонски музички бисер Јован Цветиновски како честитка за Бадник и Божиќ за Македонците го обработи големиот хит „Бисер Балкански“…

January 6, 2025
ЗАБАВА

Денешни совети за Wordle, одговор и помош за 11 јануари, #1667

Еве го денешниот одговор за Wordle, плус поглед на совети без спојлери и минати решенија. Овие насоки ќе ви помогнат…

January 12, 2026
ЗАБАВА

Џеки Чен откри како научил англиски: Ми испеа серенада (ВИДЕО)

Легендарниот актер и боречки мајстор Џеки Чен (71) откри во шоуто на Кели Кларксон дека кантри музиката одиграла клучна улога…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?