Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години
ЗАБАВА

(Видео) Принцот Вилијам јавно го спомна својот брат Хари за првпат по шест години

Објавено October 27, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Документарен филм во два дела насловен „Принц Вилијам: Можеме да ставиме крај на бездомништвото“ ќе биде прикажан на британската ИТВ за неколку дена. Деновиве се објавени неколку кратки клипови, а во еден Вилијам го споменува својот брат Хари.

Многумина беа изненадени што принцот го спомна братот со кој не е во добри односи. Тоа е првпат јавно да го каже неговото име во последните шест години, од заедничко учество на Форумот на Кралската фондација во 2018 година.

Вилијам се присети на моментот кога неговата покојна мајка принцезата Дијана првпат го однела во добротворната организација за бездомници „Пасаж“.

„Мајка ми ме однесе во ‘Пасаж’. Всушност, таа не’ однесе мене и Хари таму. Мислам дека тогаш имав 11 или можеби 10 години. Никогаш порано не сум бил на такво место, па бев малку загрижен, не знаев што ме чека таму“, рече Вилијам.

Принцот ги раскажа деталите за тоа што се случило тој ден.

„Мајка ми го правеше своето вообичаено, се смешкаше и се шегуваше со сите. Се сеќавам дека мислев: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, беше неверојатно колку е среќно опкружувањето. Се сеќавам на добрите разговори, играњето шах, и тогаш се сетив дека постојат други луѓе кои немаат ист живот како мојот“, изјави Вилијам.

Браќата неодамна присуствуваа на погребот на деверот на нивната мајка, лордот Роберт Фелоус. Тие седеа одделно во задниот дел на црквата и не зборуваа. Долго време не се блиски, а британските медиуми пренесуваат дека не разговарале речиси две години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск: Вистинската закана за демократијата се оние кои го обвинуваат Трамп за истото
Следна Статија Али Ахмети со писма до меѓународни лидери бара заштита на Охридскиот договор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овие хороскопски знаци сакаат најмногу да се дружат

Некои луѓе едноставно зрачат со енергија што ги привлекува другите. Отворени, весели и комуникативни, секогаш се подготвени за нови познанства…

January 5, 2025
ЗАБАВА

Сергеј Четковиќ донесе емоција во Скопје

Баладите и морскиот звук никогаш не излегуваат од мода. Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ со синоќешниот концерт во Македонската филхармонија докажа дека публикатата…

June 19, 2025
ЗАБАВА

Се распаѓа родната куќа на Јелена Докиќ по смртта на таткото Дамир

Дамир Докиќ, таткото на Јелена Докиќ кој почина пред неколку дена е роден кон крајот на 50-тите години од минатиот…

May 23, 2025
ЗАБАВА

Објавена листа на најдобри појадоци во светот: Македонскиот зелник на 20. место

На најновата листа на 50 најдобри појадоци во светот, еден деликатес од Србија се најде на високо второ место. Македонскиот…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?