(ВИДЕО) Се појави страшна снимка од пукотницата со калашников во училиште во Шведска

- Advertisement -

Најмалку пет лица се повредени во пукање што се случи денеска во училиште во Оребро. Неофицијално, медиумите наведуваат дека напаѓачот се застрелал, но се уште нема вести дали им подлегнал на повредите.

Локалната болница соопшти дека по пукањето преминале во итен режим.

Пукањето се случило во затворен простор во една од зградите на кампусот.

Полицијата соопшти дека меѓу повредените нема полицајци, но дека дошло до размена на пукотници меѓу нив и напаѓачот.

Се уште е рано да се каже дали имало еден или повеќе напаѓачи.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како напаѓачот пука од автоматско оружје.

Откако слушнале истрели, учениците се забарикадирале во училниците и не излегуваат. Како што пишуваат некои на социјалните мрежи, тие седат на подот, затворени и чекаат полицијата да ги евакуира.

Пред училиштето има голем број полицајци.

Властите им наредиле на луѓето да ја избегнуваат областа околу училиштето.

Сподели ја оваа статија