(Видео) Се вери најпопуларниот јутјубер на светот

- Advertisement -

MrBeast, најпопуларниот јутјубер во светот, се вери.

Тој на Инстаграм откри дека неодамна ја запросил својата девојка Теа Бујсен.

„Да, момчето направи нешто“, напиша MrBeast, чие вистинско име е Џими Доналдсон.

Теа за магазинот People откри дека таа и MrBeast се вериле на Божиќ во друштво на нивните семејства.

Моето семејство долета од Јужна Африка и планиравме да го поминеме Божиќ во нашата куќа, така што двете семејства беа тука. Отворавме подароци, а потоа за последниот подарок ме замоли да ги затворам очите бидејќи беше изненадување. Се разбира, кажав да“, рече таа.

https://www.instagram.com/p/DESoQn4RgAl/?igsh=MW41OHFjdGdkeXpxcQ==

Сподели ја оваа статија