Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“

Објавено October 12, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата за брзо распоредување на МВР и Баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата.

Припадниците на Единицата за брзо распоредување во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Македонија.

Како краен резултат на оваа спроведена обука, денеска беше извршена завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”. Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија во изведба на ЕБР и БСС „Волци“, како учесници.

„Овие луѓе што денеска ги видовте се душата на Македонија, така да изразувам огромна благодарност до сите нив и она што тие го прават. Ваквата заедничка вежба што е спроведена денеска е редовна практика, ќе ги има и во иднина. Ги зајакнуваме сите капацитети кои се потребни од аспект на физичка спремност и тактичка подготвеност и сте она што значи специјално делување на нашите најелитни единици и во иднина ќе продолжиме со зголемен број на такви активности“, потенцираше министерот Тошковски.

Успешно реализираната вежба и драгоценото заедничко искуство покажа дека соработката на единиците во извршување на ваков вид на обуки и заеднички вежби е на многу високо ниво, што се очекува да се демонстрира и во реални услови при извршување на заедничките задачи.

По завршување на вежбата министерот Тошковски ја посети полициската канцеларија во Демир Капија каде со раководниот кадар разговараше за сите тековни активности, безбедносната состојба и нејзино постојано унапредување и надминување на лошите услови во кои работат и недоволната пополнетост со кадар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта
Следна Статија Мицкоски: Немам информации за средба со Радев во Будимпешта, но сум подготвен да седнам и да разговарам

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Шукова сака Ромите да продолжат да живеат во депонијата Вардариште и да ги трујат скопјани

Јас како директор на Дирекцијата за заштита и спасување и уште повеќе како човек, не се согласувам „преживувањето“ на неколку…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Свети Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Православните верници денеска го слават Свети Наум Охридски – Чудотворец, ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

ДИК го олесни настапот на независните листи – доволни ќе бидат два потписи

Два потписи од двајца избирачи ќе бидат потребни за да можат независните кандидати за советници и градоначалници да учествуваат на…

August 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?