(ВИДЕО) Забрането е да се зборува за тоа, воошто не коментирај: По телефон ја предупредија Захарова на сред конференција

- Advertisement -

За време на прес-конференцијата јасно се слушна машки глас кој и кажува на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, да не зборува за голем напад врз Украина, кој наводно бил изведен со интерконтинентална балистичка ракета.

„Воопшто не коментирај“

Во меѓувреме, како што пишува Си-Ен-Ен, Марија Захарова за време на редовната конференција во четвртокот отстапила од вообичаениот формат и се јавила додека одговарала на новинарски прашања. Таа одговорила на повикот и јасно се слушнал машки глас кој ѝ рекол да не разговара за ракетниот напад врз украинската област Днепропетровск.

  • Здраво? Да, имам конференција – рече Захарова одговарајќи на повикот.

Преку звучникот се слушна машки глас кој ѝ кажува дека имало „удар на балистичка ракета во Јужмаш“, што е советско име за Пивденмаш, огромна фабрика за воздухопловство во Днепар.

Гласот и рекол на Захарова дека „за тоа е забрането да се зборува – воопшто не коментирај“.

Да, благодарам – рече таа и ја спушти слушалката.

Исцениран повик или не?

Според Си-Ен-Ен, не е јасно дали ова е наместено или Захарова случајно открила информации за нападот на Украина. Повикот открива и дека комплексот, претходно познат како Јужмаш, бил цел на нападот.

Новинарите и експертите се сомневаат дека сè околу повикот било наместено.

Сподели ја оваа статија