Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока
МАКЕДОНИЈА

Викторија Трајков се сретна со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока

Објавено November 18, 2024 17:13
Сподели
Сподели

Заменик министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков, оствари работна средба со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока на која главна тема беа перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Северна Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.

На средбата, Трајков и Бока ја истакнаа значајната поддршка што Унгарија ја дава на нашата земја, особено во поглед на европската агенда.

Министерот Бока истакна дека македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес.

Од своја страна, заменик министерката за европски прашања, Трајков потенцираше дека приоритетот на Владата е интензивирање на реформите, особено во клучните области како што се владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата.

Таа истакна дека поддршката од земји – членки на ЕУ, како што е Унгарија, е од исклучителна важност за да се забрза пристапниот процес и да се постигнат конкретни резултати. Министерката додаде дека соработката со Унгарија е од голема корист во насока на спроведувањето на европските стандарди.

Покрај разговорите за евроинтеграциите, двајцата соговорници дискутираа и за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Тие се согласија дека отворањето нови економски можности ќе придонесе за натамошен развој, како и за поголема конкурентност на нашата држава на европскиот пазар.

На крајот од средбата Трајков и Бока се согласија дека соработката и пријателството помеѓу двете земји продолжува и понатаму а Унгарија останува целосно да ја поддржува нашата земја во својот евроинтегративен пат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Свака би фукара да убие вука: Штекли прати порака од авион
Следна Статија Владимир Шклијаров, руската балетска ѕвезда почина на 39 години во неразјаснети околности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката

Десетици членови на грчкиот синдикат на пристанишни работници го блокираа товарењето на контејнери со муниција за Израел во пристаништето Пиреја,…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

И покрај долгот од над 10 милиони евра, „Пуцко петрол“ ќе продолжи да го снабдува ЈСП со нафта – вели Јахоски

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, денеска соопшти дека неговата компанија ќе продолжи да го снабдува ЈСП „Скопје“ со нафта…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

Европскиот парламент денеска на пленарна седница во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Северна…

June 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, градиме држава за идните генерации со многу нови проекти, инвестиции и мерки кои ќе донесат позитивни промени

Овие први 100 дена од изборот на нашата влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?