Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија
БАЛКАН

Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Објавено October 31, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Македонскиот весник „Илинден” во Тирана во електронското издание објави напис под наслов „Ексклузивно-Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија“.

Раководството и членството на Македонското друштво „Илинден“-Тирана во 2017 година жестоко реагираше кога во Република Албанија во Законот за малцинства беа запишани непостоечки Бугари како малцинство. Таквиот чин беше реакција на силниот притисок кој го трпеше Република Албанија од европската членка Република Бугарија, со уцени за вето на нејзиниот европски пат. На уцените потклекнаа албанските власти, при што го направија најсрамниот чин во постоењето на албанската држава од 1912 година до денес, стои во написот.

Се потсетува дека уште пожестока била реакцијата кога со инженериг биле „избројани“ 7057 Бугари во Република Албанија на последниот попис на населението.

Констатира дека таквата измама можеше да се направи само со аминување од албанските власти, а повторно под уцени од бугарските „европејци“.

Но, во океан од лаги, измами и притисоци, вистината испливува. Овој пат, на повторните избори за Народното собрание во Бугарија. Имено, како и за другите досегашни избори во Бугарија имаа право да се пријават за остварување на своето право на глас и Бугарите надвор од Бугарија, продолжува написот.

Се нагласува дека при тоа „во Албанија за гласање на изборите од 27.10.2024 година се пријавиле сe на сe само 174 лица”.

Според весникот листата на гласачи, според информациите од Централната изборна комисија во Елбасан се 69, во Корча 48, Кукс 52 и Тирана (Посолство) само 5.

Дополнително, надвор од Протоколите за гласање, во записниците стои дека гласале дополнителни 245 лица, со што вкупно гласале 329 лица.

Според весникот, ова јасно покажува дека и при ова гласање во записниците се среќаваат дополнителни гласови кои навреме не биле пријавени.

Во написот се констатира дека само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка.

Фактот што во Тирана, каде има најголема концентрација на население, навремено за гласање се пријавиле само 5 членови на бугарската Амбасада прашањето е каде исчезнаа Бугарите во Албанија? Или, дали ни со инженеринг не можеа да се вметнат повеќе „Бугари“ гласачи од Албанија за бугарското Народното собрание?, се прашува авторот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕК го објави извештајот за напредокот за 2024, Македонија најавува посветеност на европскиот пат и продолжување на реформите
Следна Статија Маск повикан во суд поради делењето пари преку лотарија на гласачите на изборите во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Уапсени 11 лица по пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул

Полицијата уапси 11 лица во врска со пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул. Пукањето се случи вчера попладне во населбата…

April 8, 2026
БАЛКАН

Денеска бојкот на пекарниците во Хрватска и четврти бојкот на продавниците

Денеска во Хрватска се одржува еднодневен бојкот на продавниците, кој овојпат на повик на средношколците опфаќа и бојкот на пекарите…

February 14, 2025
БАЛКАН

ЕК ја казнува Бугарија – лажела за буџетскиот дефицит за да влезе во еврозоната

Ппремиерот Румен Радев пред почетокот на состанокот на бугарската влада денеска сподели и некои многу лоши вести што ја очекуваат…

May 30, 2026
БАЛКАН

Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, соопшти дека неофицијално добил информации за 20 загинати лица во поплавите и одроните…

October 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?