Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вице Заев станал доминантен сопственик на двете АД Герас Цунев во Струмица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Вице Заев станал доминантен сопственик на двете АД Герас Цунев во Струмица
Blog

Вице Заев станал доминантен сопственик на двете АД Герас Цунев во Струмица

Објавено October 29, 2024 17:31
Сподели
Сподели

Вице Заев, братот на поранешниот премиер Зоран Заев, со својата фирма Тотал Инженеринг стана доминантен сопственик на двете акционерски друштва од Струмица – АД за производство на конфекција и облека Герас Цунев и АД за трговија, услуги и консалтинг Герас Цунев, објави Поглед.мк.

Тотал Инженеринг, според она што денес го објави Централен Депозитар, има 73,30 отсто од сопственоста во првото, а 73.25 отсто сопственост во второто друштво. Остатокот како удел кај двете фирми останува во сопственост на Трајче Заев, братучедот на Вице Заев.

Според новата сопственичка структура објавена на Централен депозитар, може да се заклучи дека Тотал Инженеринг ги купил уделите во двете акционерерски друштва што ги имаа Снежана Јанева (околу 21,65 отсто) и Јавор Транс (околу 23,3 отсто), транспортната компанија на таткото и синот Симеон и Горан Крстев.

Фирмата на Вице Заев, која до денес имаше удел помал од 25 отсто во двете друштва, во четвртокот испрати известување до Македонска берза дека има намера да ги преземе за 310 денари по акција двете фирми.Беше соопштено дека за тоа се чека дозвола од Комисијата за хартии од вредност.

На 18 октомври Македонска берза извести дека за околу 160 илјади евра се купени 48,26 отсто од акциите на Герас Цунев трговија АД Струмица и дека за истата сума од околу 160 илјади евра се преземаат 48,33 проценти од акциите на Герас Цунев конфекција АД Струмица.

Од крајот на септември Вице Заев е главен извршен директор во Управниот одбор на двете фирми и наедно директор на подружниците.

Извор: Поглед.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анима Мунди: Дечко со самострел стрела миленици кај градинка и детски игралишта во Хиподром
Следна Статија Клиниката за торакална и васкуларна хирургија се стекна со статус на акредитирана здравствена установа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Јарец – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Денот ви носи вашите карактеристики, амбициозен сте, стрпливи, практични, концентрирани и одговорни, што ќе ви…

February 11, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Водолија – вторник, 11 февруари 2025

💡 Општа енергија на денот: Деновиве Водолиите ќе се трудат да ја изградат својата стабилна самодоверба со помош на своите…

February 11, 2025
Blog

Дневен хороскоп за Вага – недела, 26 јануари 2025

1. 💡 Општа енергија на денот: Денес е ден полн со важни собитија во кои може да се активира вашата…

January 26, 2025
Blog

ЕУ бара прекуатлантско трговско примирје откако царините ја притиснаа автомобилската индустрија

ЕНР - Брисел 20 мај 2025 Претседателот на САД Доналд Трамп го склучи првото примирје во неговата светска трговска војна,…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?