Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛАДА: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ВЛАДА: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи
ЕКОНОМИЈА

ВЛАДА: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Објавено December 8, 2024 09:50
Сподели
Сподели

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и истата опфаќа над 700 прехранбени производи, соопшти Владата.

„Владата носи мерки со кои граѓаните конечно го добиваат она кое го заслужуваат, пристојни услови за живот и вистинска грижа за нивните реални потреби.

Согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен, а листата ќе има можност да се проширува и во следниот период.

Мерката ќе важи еден месец односно од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година.

Воедно, ја поздравуваме одлуката на компаниите кои се приклучуваат кон кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ и покажуваат општествена одговорност и ги повикуваме и останатите да се приклучат.

Владата е директно насочена кон подобрување на економската состојба на илјадници семејства и животниот стандард“ потенцираа од Владата.

-Како Влада се обврзавме да ја промениме лошата реалност и го правиме токму тоа. Работиме посветено за граѓаните и носиме мерки кои се во интерес на народот, а имаат за цел обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Ова е трета примена на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе- Се грижиме“, и истата ќе продолжи и во иднина. Ја враќаме надежта и градиме иднина за сите, наведуваат во денешното соопштение на Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна Дамаск, Асад со авион избега од земјата
Следна Статија (ВИДЕО) Со „Алах акбар!“ сириските бунтовници влегоа во претседателската палата во Дамаск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

IBM блиску до купување на Confluent во зделка вредна 11 милијарди долари

International Business Machines Corp. е во напредни преговори да ја преземе фирмата за инфраструктура на податоци Confluent за околу 11…

December 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците

Трговците од денеска имаат обврска на дневна основа да ги објавуваат продажните цени на производите. Цените треба да бидат објавени…

April 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Да не се крева паника: Се користат и старите и новите банконоти од 50 евра

Последниве неколку дена се појави информација дека истекува важноста на банкнотите од 50 евра, издадени пред 2017, наводно со цел…

April 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не…

December 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?