Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите
МАКЕДОНИЈА

Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите

Објавено October 4, 2024 09:27
Сподели
Сподели

Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и на услугите за пациентите е приоритет на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски. Сто дена нова влада, значи вработување 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување економски директори, нова магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“, реновирано Одделение на дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на Позитивната листа за девет генерици или 87 лекови, се истакнува во денешното соопштение на владината прес-служба.

– За 100 дена влада се укинаа постоењето 1.000 економски директори и со тоа се става крај на дуализмот во здравствениот систем. Со ова, прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите, а ќе се заштедат и финансиски средства. Здравствените установи имаат само медицински директори, кои ќе управуваат со здравствените установи, се наведува во соопштението.

Потсетуваат дека вработувањето 600 специјализанти во јавните здравствени установи во дефицитарните области, ќе се одвива во две фази. Вработување 300 специјализанти до крајот на годинава и уште толку, наредната. Со ова, како што се нагласува, им се дава шанса на младите доктори, а се решаваат и проблемите со гужвите по здравствените установи.

– Конечно после деценија, новата влада во првите 100 дена донесе одлука за проширување на Позитивната листа со девет генерици или 87 лекови, во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните, се додава во соопштението.

Се нагласува и дека комплетно е реновирано Одделението за дигестивна хирургија со нови кревети, плакари, врати и осветлување. Се набави и апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст, како што се додава, во вредност од 1.000.000 евра.

Дополнително, во поликлиниката „Идадија“ во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца во вредност од 1.300.000 евра, што од медицински аспект претставува врв во дијагностиката, што дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, што употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката. За 100 дена нова влада има 100 проекти и мерки за граѓаните.

– Владата покажа дека може поинаку. Владата покажа како се работи посветено и во интерес на пациентите. Продолжуваме посветено да го подобруваме здравствениот систем во Македонија за сите граѓани, пишува во соопштението. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени
Следна Статија Николоски најавува: За две до три години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Над 14 500 кандидати денеска полагаат матура

Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој…

June 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 23 часот и…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈАСПОРТ

Македонија загуби два поена од индексот на корупцијата во 2024 година, со 40 поени на 88-мо место во светот

Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл за 2024 година покажува пад од два индексни поени на Македонија во…

February 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Оддаваме почит на нашите загинати припадници, да го зачуваме споменот и да не го заборавиме нивното херојско дело

Денеска заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Лафчиски положивме венец со свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце…

January 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?