Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владо Недановски официјално повеќе не е тренер на РК Вардар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Владо Недановски официјално повеќе не е тренер на РК Вардар
СПОРТ

Владо Недановски официјално повеќе не е тренер на РК Вардар

Објавено October 27, 2024 16:43
Сподели
Сподели

Досегашниот тренер Владо Недановски и управата на клубот се договорија за прекин на соработката.

Клубот преку официјално соопштение во кое директно обраќање има претседателот Михајло Михајловски ја соопшти веста за смената.

Во соопштението се наведува дека дојде време за промени, меѓутоа Недановски не заминува од Вардар. Напротив, тој ќе добие нова улога во клубот.

„Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интересен на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава.

Во овој период е тешко да се најде квалитетен а слободен тренер, но веќе преговараме со тројца добри тренери, кои не се од блиското опркужување. Сигурен сум дека до среда (30 октомври) ќе го имаме името на новиот тренер. За сите условот е најдоцна до 15 ноември да почнат да работат со тимот. До тогаш тимот ќе го води Стојанче Стоилов, сегашниот помошник тренер.

Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра.

Со досегашниот тренер, Владо Недановски пријателски се договоривме да остане и понатаму дел од клубот, и заедно сите да работиме на постигнување на подобри резултати на сите полиња. Верувам дека ќе успееме во тоа, бидејќи патот е веќе трасиран, и треба само да бидеме упорни во одењето кон врвот“, стои во соопштението на РК Вардар 1961.

Клупата на Вардар привремено ќе ја преземе Стојанче Стоилов. Се очекува вардаровата легенда да го поведе тимот на гостувањето кај Порто во Европската лига на ЕХФ, а потоа до среда е најавен ангажман на новиот предводник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Не знам зошто престанав да пукам, имав уште куршуми“: Коста продолжува со шокантни изјави
Следна Статија Македонците се најголеми пушачи на цигари на Балканот и во топ 10 во светот: Посиромашните би избрале цигара наместо оброк

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шкендија ја победи Стеауа, обезбеди најмалку групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот шампион Шкендија заслужено избори пласман во следната квалификациска рунда во најелитното европско натпреварување oткако  вечерва го победи некогашниот европски…

July 30, 2025
СПОРТ

Македонија победник на европското е-спорт првенство во Дота 2!

Македонија е шампион во видеоиграта „Dota 2“! Нашите момци на натпреварувањето што се одржа во Приштина го освоија првото место,…

July 14, 2025
СПОРТ

Манчестер јунајтед си купи тренер за 10.000.000 евра

Рубен Аморим (39) стана најскапиот „купен“ тренер на сите времиња, а воедно и седми менаџер на Манчестер Јунајтед по пензионирањето…

October 29, 2024
СПОРТ

Милевски: Група што носи надеж

Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Мундијалот во 2026 година. На патот до Канада,…

December 13, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?