Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?
ПОЛИТИКА

ВЛЕН прашува: Дали во стандардите на отчетност на ДУИ се „Соравија“ или Лотарија?

Објавено December 5, 2024 18:50
Сподели
Сподели

За што точно зборува ДУИ кога говори за „нови стандарди на отчетност“?! Кое партиско тело во ДУИ некогаш направило „тест за интегритет и транспарентност“ и спровело „ветинг“ против корупцијата во ДУИ?! Кои се „новите стандарди за транспарентност и одговорност“ и кој во ДУИ ги поставил и ги имплементирал истите?!, прашува ВЛЕН.

• Дали се тоа стандардите врз основа на кои членовите на семејството на лидерот на ДУИ го купија Трговскиот Центар „Соравија“?!
• Дали транспарентноста и одговорноста беа начинот според кој раководството на ДУИ стана синоним за перење пари во скандалот „ЛОТАРИЈА“?!
• Дали „ветингот“ беше филтерот преку кој Ислам Абази од Зајас стана Обвинител за организиран криминал и корупција?!
• Кои стандарди за транспарентност ги исполнуваше „ЕУРОВИА“ кога ги добиваше сите главни тендери на државните институции?!
• Преку кои антикорупциски филтри помина „ПАЦИЕНТОТ“ – Доктор Министерот за фотографирања и самопромоција без содржина и без резултати?!

Навистина, луѓето не се наивни! Што мислат Албанците се докажа на 8 мај, кога ниту полицијата, ниту заканите, ниту милионите со сомнително потекло не ги спасија од пораз на изборите министрите кои играа фудбал по институциите на народот. Албанците добро знаат дека зад пламената „патриотска“ реторика се кријат чисто финансиските интереси на кланот на политичките олигарси на кои им чука на врата одговорноста за корупција!

Ја повикуваме ДУИ: наместо утопија и празни зборови, наместо лаги за наводни принципи на транспарентност и ветинг кои оваа партија никогаш не ги имплементирала, нека се соочи со своите злоупотреби и нека се реформира. Време е конечно да ја прифатат одговорноста за своите неуспеси и да се реформираат. Додека пак логиката според која во политиката некој на некого „му дава функции“ или „му ги одзема“ зборува само за комунистичкиот менталитет кој за жал продолжува да доминира во оваа политичка партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Касаноф: Ја гледаме искреноста и посветеноста на Владата на европските интеграции и неопходните реформи
Следна Статија Kосово забранува продажба на енергетски пијалоци за лица под 18 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува политичка криза во пресрет на локалните избори, но очекува, како што изјави денеска, заканите од…

March 12, 2025
ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата

ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција.…

January 9, 2025
BlogБАЛКАНМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски за одвојувањето на Македонија: Се испраќа лоша порака, само се изживуваат врз нас

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги…

September 26, 2024
ПОЛИТИКА

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, состојбата излегува од контрола

Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата…

September 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?