Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Внукот на таткото на Вања: Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Внукот на таткото на Вања: Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми
ХРОНИКА

Внукот на таткото на Вања: Му пишав на Илон Маск за да го смирам вујко ми

Објавено November 15, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Му пишав на Илон Маск на неговата социјална мрежа Икс за да го смирам вујко ми кој беше избезумен, рече во своето сведочење, Иво Нешковиќ внук од сестра на Александар Ѓорчевски, обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка Вања Ѓорчевска. Toa, како што рече, го направил на барање на Александар, но знаел дека нема да има никаков ефект.

„Станува збор за најбогатиот човек на планетата, јас сум Иво од Скопје, но му пишав на неговата социјална мрежа и го фотографирав пишаното за да му го покажам на вујко ми и да го смирам”, рече Нешковиќ.

Тој кажа дека со Александар контактирал само околу Илон Маск и не бил во станот каде се наоѓал. Од контактите со неговата мајка бил информиран дека таткото на Вања не спие, цело време прегледува снимки, не сака да јаде и оти е вознемирен.

Пред него сведочеше и неговата мајка, сестра на Александар, Оли Нешковиќ која исто така го спомена моментот со Илон Маск.„Се јавувавме секаде, баравме снимки сите и секаде. Не на Илон Маск, да имавме број и на Бајден ќе му се јавевме”,рече сестрата на Александар.

Таа откри и дека кога се случило грабнувањето, во полиција била прашана дали нејзината снаа, Зорица Ѓорчевска била во врска со Љупчо Палевски. Таа ова го кажа одговарајќи на вкрстено прашање од самиот Палевски.

Нешковиќ беше прашана и за сопственоста на станот на улицата „Наум Наумовски Борче“. На прашањето на обвинителката таа изреагира нервозно и на висок тон, поради што беше предупредена од судијата да не биде арогатна и да одговори на прашањето.„Брат ми е сопственик на станот“,рече таа.

На дополнително прашање, кога станал сопственик Нешковиќ кажа:„Пред разводот (со Зорица Ѓорчевска)“.

Сите денешни сведоци беа прашани за улогата на Гоце Трајковски во случајот.

Сестрата на Александар рече дека Гоце дошол во станот и се вклучил во потрагага кога Зорица Ѓорчевска ѝ пишала на Кираца Трајковска, неговата мајка, дека Вања ја нема.

Како што кажа сведокот, Трајковски бил тој кој го забележал „ситроенот“ и дека нешто било сомнително со него.
Тој, според нејзиното сведочење, го поврзал „ситроенот“ со Панче Жежовски за кого имало објава на Фејсбук дека е исчезнат.

Рече дека не биле задоволни од работата на полицијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане
Следна Статија По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Финансиската полиција поднесе пријава до ОЈО за лажни фактури на фирми, една е во вредност од 32 милиона денари

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје   поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица  поради…

December 12, 2024
ХРОНИКА

Осуденик пронајден починат во Затворот Штип

На 15.12.2025 во 10:35 часот во СВР Штип е пријавено дека во една од собите на Казнено-поправната установа – Затвор…

December 16, 2025
ХРОНИКА

Затворен патот Струмица – Ново Село поради сообраќајка

Сообраќајна несреќа го затвори магистралниот пат од Струмица во Ново Село. „Од 14:10ч. сообраќајот на магистралниот пат А4, Струмица –…

November 9, 2025
ХРОНИКА

Претепан доставувач на храна во центарот на Скопје – причината банална

На 24.10.2025 во 23:40 часот во СВР Скопје, М.Г.(37) од Скопје пријавил дека на 22.10.2025 околу 16:30 часот пред станбена…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?