Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Доминикана запленети 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Доминикана запленети 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин
СВЕТ

Во Доминикана запленети 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин

Објавено December 7, 2024 18:00
Сподели
Сподели

Властите во Доминиканската Република денеска соопштија дека заплениле 9,5 тони супстанца за која постои сомневање дека е кокаин, што е најголемата ваква заплена во историјата на оваа карипска земја.

„Во два контејнери се откриени „вкупно 320 кеси со 9.588 килограми супстанца за која се верува дека е кокаин“ и биле наменети за Белгија“, рече на прес-конференција Карлос Деверс, директор за комуникации на Националниот директорат за контрола на дрогата.

Запленувањето е извршено во пристаништето Кауседо де Бока Чика, во близина на главниот град Санто Доминго.

Дрогата била пронајдена во два контејнери со банани кои пристигнувале од Гватемала и биле наменети за Белгија.

„Оваа заплена на кокаин „никогаш не била видена во Доминиканската Република и на Карибите“, рече Деверс.

Акцијата за заплена почна во раните утрински часови и се одвиваше во караван, со зголемено обезбедување, од пристаништето до седиштето на Националниот директорат за контрола на дрогата во главниот град.

„Обвинителството и Националниот директорат за контрола на дрогата испрашуваат најмалку 10 лица поврзани со пристаништето, додека ја продолжуваат истрагата за товарот наменет за Европа“, додаде Деверс.

Според него, најголемата количина запленета во Доминиканската Република досега била 2.582 пакети во 2016 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Илон Маск во кампањата на Трамп донирал 259 милиони долари
Следна Статија Ќе се изненадите што се’ ќе биде направено со вештачка интелигенција, најави директорот на „Гугл“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

За победа на Трамп можете да се обложите и во биткоинти

По првичните загуби на азиските берзи, повеќето главни регионални индекси се во зелено на почетокот на неделата, бидејќи инвеститорите проценуваат…

October 21, 2024
СВЕТ

Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и…

June 23, 2025
СВЕТ

Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека на шест месеци го суспендира влезот на странски студенти на Харвард, повикувајќи се на…

June 5, 2025
СВЕТ

Апликациите за запознавање се опасни по живот- во Мексико ги користат за киднапирање Американци

Американските граѓани кои патуваат во Мексико се предупредени дека може да бидат изложени на ризик од киднапирање од страна на…

June 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?