Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
БАЛКАН

Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари

Објавено January 20, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваат пораки во кои повикуваат на бојкот на   трговските синџири в петок, 24 јануари. Пораките за бојкот се поради високите цени на производите.

„На 24 јануари во Хрватска има бојкот против високите цени на храната. Се повикуваат луѓето да не купуваат ништо тој ден, но ништо. Осигурете се за тој ден како да е недела. Во Обединетото кралство истото се случи со горивото, пред некој ден падна за 15 пени по литар, но ги покачија и платите за 100 фунти месечно“, гласи една од пораките.

Според иницијаторите, ако десет отсто од луѓето во Хрватска се приклучат во акцијата – ќе има голем загуба за малопродажните синџири.

„Ако на тоа гледате како на политички избори, ништо нема да постигнете. Десет проценти од луѓето што го прават тоа е огромна загуба за малопродажните синџири, а вие нема да изгубите апсолутно ништо тој ден, но тие ќе загубат“, се наведува во пораката испратена на WhatsApp, Reddit и Facebook. 

Според хрватски медиуми, таа иницијатива има голем одзив засега и во дел од коментарите се вели:

„На никој нема да му падне влакно од глава ако не отиде во продавница тие 24 или 48 часа… Ако нешто во оваа држава предизвикува реакција, тоа е кога ќе те удрат по џеб, и во овој случај би ги удриле арогантните трговци по џеб“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица
Следна Статија По Доналд Трамп и Меланија Трамп лансираше своја криптовалута

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

„Не знам дали е жива мајка ми“; „Свекор ми беше во делот кој целосно изгоре“: членовите на семејствата чекаат вести за своите најблиски во Србија

Пред домот за стари лица во Бараево, каде што утринава избувна пожар во кој досега загинаа осум лица, а седум…

January 20, 2025
БАЛКАН

Романскиот министер за одбрана поднесе оставка по скандалот со дипломата

Министерот за одбрана на Романија Јонуц Моштјану денеска објави дека поднесува оставка, јави новинската агенција Аџерпрес. Разговарав со претседателот, со…

November 28, 2025
БАЛКАН

Додик: Директоратот на Интерпол ја прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва на социјалната мрежа Х објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал…

April 2, 2025
БАЛКАН

Еве како беше уапсен Илир Мета (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, вчера е уапсен во Тирана по налог на…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?