Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување
МАКЕДОНИЈА

Во интервју за „КОД“, новиот директор на АНБ одговори на обвинувањата: Не е прекршен законот при моето именување

Објавено October 21, 2024 08:16
Сподели
Сподели

Согласно законот, не е дозволено членување во политички партии за ниту еден од вработените. Исто како што е во МВР. Во моментот на моето именување и претходно при моето, условно кажано, враќање во МВР во декември 2023 година, односно одреден период претходно, со пополнување формална изјава, со барање до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, се изземав, односно се отчленив, од партијата“, изјави новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност.

Владата на чело со премиерот Христијан Мицкоски, гледајќи ги околностите во државата околу безбедносната состојба и неефикасното работење на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесе одлука за промена на претходниот директор и за мое именување, рече новоименуваниот директор на АНБ, Бојан Христовски, во интервју за емисијата „Код“ на ТВ Телма прашан како успеал и што било пресудно за да стане прв човек на Агенцијата.

Најголемата критика за именувањето на Христовски е тоа што до неодамна тој беше член на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Градскиот комитет за Скопје. Партиската кариера, според тврдењата, тој ја завршил во декември минатата година, па на новинарска констатација дека е спротивно на законските одредби член или функционер на партија да стане директор на АНБ, Христовски одговори дека Законот за АНБ во неговиот случај не е прекршен.

„Согласно законот, не е дозволено членување во политички партии за ниту еден од вработените. Исто како што е во МВР. Во моментот на моето именување и претходно при моето, условно кажано, враќање во МВР во декември 2023 година, односно одреден период претходно, со пополнување формална изјава, со барање до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, се изземав, односно се отчленив, од партијата“, рече Христовски.

Прашан како ќе постапи кога ќе му се јави доскорашниот партиски шеф, а сегашен премиер и побара нешто да направи како директор на АНБ, Христовски одговори дека секогаш бил самостоен во своето работење и одлучување.

„Се што е во рамките на законот ќе биде изработено строго во рамките на законот и подзаконските акти на АНБ. Луѓе може да бараат, може да има секакви побарувања. Тоа што ќе биде преземено од моја страна и донесено како одлука секако секогаш ќе биде во рамките на правилата тука, на законските прописи и во склоп на вредностите на оваа држава односно темелите на кои ние се потпираме, а тоа е припадност кон НАТО-алијансата и вредностите на Европската Унија“, рече тој.

Објавата на Фејсбук во која Христовски го честита петиот роденден на АНБ и посака тој да и биде последен, тој ја објаснува со залагањата на актуелната влада за спојување на АНБ и Агенцијата за разузнавање во една институција.

„Доколку тоа се случи во текот на следната година, како што најави премиерот, АНБ формално повеќе нема да постои. Така што, не може повеќе да се прославува роденден на Агенција за национална безбедност која не постои“, рече Христовски.

Тој посочи дека неговите претходници не вовеле полиграфско тестирање на вработените и на оние што сакаат да се вработат во Агенцијата. Христовски двапати во интервјуто рече дека негов приоритет ќе биде секој вработен да помине полиграф како средство за проверка на професионалноста и кредибилноста.

„Од друга страна, нема да чекам надзорните тела како Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР, Врховниот суд, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Народниот правобранител, сите што имаат обврска да мониторираат односно да вршат надзор над работата, нема да ги чекам да побараат влез за проверка на работата тука, туку јавно ги повикувам да дојдат уште денес и да ја завршат својата работа тука“, рече директорот на АНБ.

Христовски рече и дека во текот на кариерата ги поседувал сите безбедносни сертификати до „државна тајна“. Тој смета дека во 2020 година, во политички монтирана безбедносна хајка, не му бил продолжен безбедносниот сертификат. Откако се вратил во МВР минатата година, повторно аплицирал за безбедносен сертификат со степен „строго доверливо“ и го добил, како што рече, за експресно брзо време.

Бојан Христовски беше именуван за директор на АНБ на владината седница на 16 октомври. Тој на позицијата го наследи Зарко Милошевски, кому не му беше истечен четиригодишниот мандат. Од Владата досега не излегоа со информации за причините за разрешувањето на Милошевски.

Од опозицискиот СДСМ силно негодуваат за именувањето на Христовски оценувајќи го за чекор кон целосна партизација на институциите. Повикаа Владата итно да го преиспита овој свој чекор и да го повлече Христовски од функцијата директор на Агенцијата за национална безбедност.

Во денешната нивна најнова реакција отвораат сомнежи за тоа дали Христовски ги исполнува законските услови за да биде на таа позиција.

„Иако Христовски пријавил во биографијата пет календарски години раководен стаж недостасуваат прецизни датуми за неговото раководно искуство во УБК во периодот од 2012 до 2017 година. Законските услови за оваа позиција во делот на образованието се исполнети дури минатата година, со дипломирање на Економскиот факултет на Универзитетот за туризам и бизнис во Скопје. Но, претходно тој бил дипломиран тренер по кик-бокс со што не ги задоволувал законските критериуми предвидени за оваа важна функција“, соопшти СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Христовски: Полиграфско тестирање и отворени врати за надзорни тела во АНБ
Следна Статија Леклер најбрз во Остин, Ферстапен го зголеми водството

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги…

November 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Милан Стефановски: Преку САД го свртевме вниманието на ЕУ кон нас

Не знам зошто во целост би ја следеле надворешната политика на ЕУ, кога ние не сме членка а од друга…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Борба со вандализмот: Работен состанок во Владата во врска со несовесното однесување кон јавните добра

По повод се поактуелниот проблем со несовесното третирање и однесувања кон јавните добра, пред сè поради вандализмот кон урбаната опрема,…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини

Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за…

October 18, 2024
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?