Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници
МАКЕДОНИЈА

Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници

Објавено January 10, 2025 13:20
Сподели
Сподели

На прашањето дали наследувајќи го Артан Груби во Министерството за односи меѓу заедниците, (кое претходно беше фузирано она за Политички систем) со дел од просториите кои ги наследи, голчињата и кошот на поранешниот министер и вицепремиер, сегашниот прв човек на ова министерството Иван Стоилковиќ, во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши.

-За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на Влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во Министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, Министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува, вели тој.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња, открива министерот Стоилковиќ.

-Просто да не верувате дека такви нешта може да има. Јас овие месеци немам платено ни една сметка на сметка на министерството, се си плаќам сам. Кафански сметки да ми плаќа министерството, тоа е глупава работа. Тоа порано било „добар ден“. Порано, битно е што секој Божји ден биле правени сметки од по 20, 30, по 40 илјади денари, секојдневно биле правени – ајде да е на десет дена, двапати во месецот ли, ако имате гости на пример, но вистинскиот проблем е кога тоа е секојдневно, а овде било така, потенцира Стоилковиќ.

Министерот во „Наткаст“ обзнани и дека 95 насто од вработените во министерството се Албанци, но потенцира дека работата е што тоа се Албанци од ДУИ, нешто што е проверено и докажано – институцијата се користела како партиско биро за вработување. Во меѓувреме, разрешени се и многу случаи со „вработени“ кои не ни доаѓале на работа, а десетина од нив си живееле и работеле во странство, притоа земајќи редовна плата од министерството на Артан Груби. Се очекува обелоденувањето на извештајот на ад-хок финнсиската ревизија за да се прикаже сиот криминал, аздис и незаконско работење во минатите години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет
Следна Статија Се откачи белградски сплав, пловејќи по Сава зафати и други објекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

79 години од објавувањето на Македонската граматика од професорот Круме Кепески

Првата Македонска граматика од проф. Круме Кепески е објавена на 26 ти јануари, 1946 година. Професорот Круме Кепески појаснува дека…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката на ДКСК ќе остане без дипломатскиот пасош кој ѝ го дал Бујар Османи?

Претсседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска ќе остане без дипломатскиот пасош, пишува порталот „Плусинфо“. Димитровска…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Српче прави партија: Српска демократска лига

Поранешниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ ќе прави нова партија. Ќе носи име Српска демократска лига и ќе има за…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Труење во кујната на РЕК Битола – Над 80 лица побарале лекарска помош откако јаделе лазањи

81 вработен во РЕК Битола побарал лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми, повраќање и температура. Според…

March 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?