Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ
СВЕТ

Во Молдавија се одржуваат претседателски избори и референдум за ЕУ

Објавено October 20, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Граѓаните на Молдавија денеска избираат претседател и гласаат на референдум за внесување во Уставот дека цел на земјата е членство во ЕУ.

Прозападната претседателка Маја Санду (52) се надева дека ќе обезбеди втор мандат и поддршка на референдумот за да се потврди пристапувањето кон ЕУ како стратешка цел во уставот.

Анкетите укажуваат дека Санду може да победи на изборите, каде што се натпреваруваат 11 кандидати, како и дека мнозинството ќе го поддржи пристапувањето кон Унијата.

Ако ниту еден од 11 претседателски кандидати не освои повеќе од 50 проценти од гласовите во првиот круг, вториот круг ќе се одржи на 3 ноември.

Според анкетите Санду има поддршка од 35,8 отсто, што е далеку повисока од кој било од останатите десет кандидати. Нејзините двајца најголеми противници поранешниот обвинител поддржан од традиционално проруската Социјалистичка партија, Александар Стојаногло, кој има девет проценти поддршка, и поранешниот градоначалник на Балти, Ренато Усати со 6,4 отсто поддршка од граѓаните.

Маја Санду, поранешна вработена во Светска банка, победи на изборите во ноември 2020 година како антикорупциска реформаторка со проевропска агенда.

Според испитувањето на јавното мислење околу 65 проценти од гласачите ќе го поддржат европскиот пат на земјата.

Санду и нејзините сојузници предупредија на потенцијално руско мешање во изборите, обвинувајќи ја Москва за организирање кампањи за купување гласови и ширење дезинформации. Прорускиот бизнисмен во бегство, Илан Шор е осомничен дека водел дестабилизирачка кампања од Москва.

Молдавската Влада ја обвинува Русија и земјите блиски до неа дека се обидуваат да влијаат врз изборниот процес плаќајќи на десетици илјади лица за да гласаат поинаку.

Полицијата тврди дека мрежа управувана од Русија подмитила 130.000 гласачи да гласаат „не“ и да поддржат кандидати што ги претпочита Москва.

Проруските партии водеа кампања за бојкот и доколку не се постигне прагот од 33 проценти регистрирани гласачи потребен за потврда на резултатите од референдумот, европскиот пат на Молдавија би бил ослабен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична пријава против 70-годишен маж од Липково за силување на 13-годишно дете
Следна Статија Со цел да го прекине штрајкот, „Боинг“ понуди зголемување на платите за 35 отсто во текот на 4 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Еве како е лоциран лидерот на Хезболах: Раката при ракување му била намачкана со супстанца што Израел лесно можел да ја лоцира

Израелската армија официјално потврди дека со години собирала информации за Хасан Насрала. Се говори дека на човекот кој се сретнал…

October 4, 2024
СВЕТ

Ајфеловата кула евакуирана по дојава за пожар

Ајфеловата кула е евакуирана по дојава за пожар, јавија француските медиуми. Изјавија дека пожарот бил забележан во еден од лифтовите…

December 24, 2024
СВЕТ

Ниеден гласач во Европа не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, порача Ванс од Минхен

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс остро ја критикуваше состојбата со слободата во Европа, при што посебно го издвои Обединетото Кралство.…

February 14, 2025
СВЕТ

Кремљ позитивно го оцени дијалогот Путин-Трамп

Кремљ денеска ги оцени како ветувачки разговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, во време кога…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?