Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите
СВЕТ

Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите

Објавено November 3, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Спасена е жена која три дни седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.

Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната покраина Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.

По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба. Локалните власти, исто така, им се заблагодарија на волонтерите кои дојдоа од цела Шпанија во поплавената Валенсија.

Шпанскиот премиер Педро Санчез претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211. Тој додаде дека 208 од жртвите се од Валенсија. Санчез најави и дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Во погодените подрачја денеска се очекува да пристигне првиот контингент од 4.000 војници.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јокиќ и се е можно: Најпаметниот играч во НБА лигата (ВИДЕО)
Следна Статија Харис вети поддршка за македонските идентитет и јазик, Трамп најави економска соработка и безбедност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Ги прекинуваме трговските преговори со Канада и воведуваме нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги прекинува сите трговски преговори со Канада, откако земјата вовела данок на дигитални услуги…

June 28, 2025
СВЕТ

(Видео) Двајца израелски дипломати убиени во Вашингтон, убиецот е уапсен, извикувал „слобода за Палестина“

Двајца вработени во израелската амбасада се убиени во пукотница за време на настан во Музејот на еврејско наследство во Вашингтон.…

May 22, 2025
СВЕТ

(Видео) Шефот на иранските специјални сили кој исчезна по израелските напади, сега се појави во јавноста

Командантот на силите Кудс на ИРГЦ, Есмаил Каани, утринава се појави на комеморација на бригадникот на ИРГЦ Абас Нилфурушан, кој…

October 15, 2024
СВЕТ

Трамп најави борбен авион каков што светот досега не видел – договорот за негово производство му го додели на „Боинг“/видео

Воздухопловните сили на САД (USAF) донесоа историска одлука – Боинг е победник на престижната и долгоочекувана програма NGAD (Следна генерација…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?