Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Србија под блокада се над 40 факултети
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Србија под блокада се над 40 факултети
БАЛКАН

Во Србија под блокада се над 40 факултети

Објавено December 11, 2024 20:00
Сподели
Сподели

Студентите од четири универзитетски центри во Србија и неделава ја продолжуваат блокадата на факултетите и ректорските управи со поддршка од професорите и ректорските колегиуми, како и со поддршка од граѓанското општество.

Студентите ги повикаа граѓаните да им се придружат на протестите и блокадите.

Бранот студентски протести во Србија беше поттикнат од насилството врз учесниците на комеморативните собири за 15-те жртвите, кои настрадаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Студентите на универзитетите во Белград и во Нови Сад од 2 декември ги блокираат зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од белградскиот Факултет за драмски уметности беа нападнати за време на комеморативниот собир. На блокадата се придружија и студентите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.

Според студентски активисти, најмалку 40 факултети во сите четири универзитетски центри – во Белград, Нови Сад, Крагуевац и Ниш се во постојана блокада.

На протестот на студентите од Правниот факултет и четири технички факултети во Белград денеска се приклучија и адвокати. Адвокатската комора на Србија денеска прогласи прекин на работата.

Адвокатите протестираат поради незаконскиот начин на донесување и усвојувањето на закони без соодветно учество на адвокатурата, и селективното гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, но и селективното гонење на учесниците на протестот бидејќи полицијата апси активисти, а ги игнорира провокаторите кои се обидуваат да ги спречат протестите.

Студентите во Србија добија поддршка и од студентите од повеќе факултети во регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ го отстрани шаторот пред Уставен суд, ќе го поставеле пак во март
Следна Статија Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Необичен случај во Хрватска: Маж провалил во куќа и заспал во дневната соба

Обид за кражба во хрватскиот град Медулин имаше бизарен епилог. Словенечки државјанин (30) бил пронајден како спие во дневната соба…

September 29, 2025
БАЛКАН

Жена за секунда се спасила од несреќата во Нови Сад, наеднаш тргнала да купи сирење

Жена (45) од Степановиќево кај Нови Сад е едно од лицата кои за среќа се спасиле од големата трагедија на…

November 3, 2024
БАЛКАН

Вучиќ помилува 13 лица приведени за време на блокадите, меѓу нив шест студенти и еден декан

Претседателот на Србија Александар Вучиќ донесе 13 одлуки за помилување, соопшти претседателството. Меѓу нив има шест студенти, еден декан од…

January 29, 2025
БАЛКАН

Грчките земјоделци во 48-часовна блокада на Богородица и Меџитлија

Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники (Меџитлија)…

January 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?