Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Струмица отворена „Куќа за отворено домување“ за жртвите на семејно насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во Струмица отворена „Куќа за отворено домување“ за жртвите на семејно насилство
МАКЕДОНИЈА

Во Струмица отворена „Куќа за отворено домување“ за жртвите на семејно насилство

Објавено November 25, 2024 22:20
Сподели
Сподели

Во Струмица денеска беа отворени и осветени просториите на „Куќата за отворено домување“ за жртви на семејно насилство и Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија на МПЦ-ОА.

Просториите се сместени во поранешниот објект на четвртатата месна заедница, кој Општина Струмица го додели на трајно користење на Фондацијата

Просториите ги освети Викарниот епископ Јаков Стобиски, а во изјавата за медиумите градоначалникот Костадинов истакна дека со отворањето на „Куќа за отворено домување“ се затвора целиот синџир на згрижување на жени и деца – жртви на семејно насилство.

„ Со тоа добиваме додадена вредност во делот на социјалните услуги во рамки на Општина Струмица и потврдуваме дека Струмица е на пиедесталот, кога генерално станува збор за социјалните услуги, а особено кога станува збор за згрижување на жените и децата, жртви од семејно насилство. Оваа заедничка соработка ја отсликува и волјата на Општина Струмица да соработува со граѓанскиот сектор и на тој начин ги расчистуваме сите дилеми на некои дали Струмица соработува или не со граѓанскиот сектор и затоа велам дека ако нешто може да не обедини се социјалните услуги“, изјави струмичкиот градоначалник.

Катерина Давчева од Фондацијата „Елеуса“ изрази благодарност до градоначалникот Костадинов, на чија инцијатива објектот е даден на трајно користење на Фондацијата.

„ Сиромаштијата не познава политички партии, сиромаштијата не познава раса, не познава боја на кожа. Затоа, сите заедно сплотени треба да помагаме за да се надминат овие проблеми коишто ги има заедницата. Уште порадосен е овој миг денеска бидејќи објектот има двонаменско користење, односно нема да биде тука само седиштето на Фондацијата, туку многу поважно е, кога денеска почнуваат шенаесетте денови активизам и борба против семејното насилство, еден дел од објектот ќе биде ‘Куќа за отворено домување’ “, истакна Давчева.

Во Куќата ќе може да се сместат 2-3 семејства каде ќе ги имаат сите услови за живеење.

„ Овие простории се од клучна важност кога станува збор за реинтегративниот и ресоцијалниот процес на жртвите од семејно насилство. ‘Куќата за отворено домовување’ значи дека тука ќе се згрижуваат жртвите од семејно насилство и нивните деца кои излегуваат од шелтер-центарот. Според програмата ќе сместуваме жени и деца, кои низ годините биле жртви на семејно насилство, но безбедносниот процес е завршен и на жртвите не им се заканува повторно насилство и тоа значи дека ние подаваме рака жените и децата да не завршат на улица, како бездомници“, изјави Стојне Митева од Здружението „Скај Плус“ од Струмица.

Митева додаде дека жртвите ќе може да престојуваат од 6 до 24 месеци и ќе имаат секаков вид на заштита, како и да се озбезбеди можност жените да можат да работат и да се вратат во нормалниот тек на живеењето.

Инаку, реконструкцијата на објектот целосно ја изврши Општина Струмица за што се потрошени вкупно 5.838.176 денари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста
Следна Статија Видео на атрактивна хрватска фудбалерка собра 25 милиони прегледи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Наталитетот зголемен, но природниот прираст и натаму негативен

Во третото тримесечје од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 4 431 и во споредба со истиот период од…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазици ќе се одржи од 19 до 21 март – Ќе мести ли ДУИ пак шатори пред Уставен?

Подготвителната седница за Законот за јазици се очекува да биде одржана во периодот од 19 до 21 март, изјави претседателот…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Трудовиот инспекторат ги проверува вработувањата во М-НАВ

По ланскиот упад, во М-НАВ е ангажирана полицијата, но веќе неколку месеци нема чувари од агенција за обезбедување. Безбедноста не…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ќе се руши легендарната скопска сендвичарница „7“ во Центар

Легендарната скопска сендвичарница „7-ца“ во Центар ќе оди во заборав. Од 1 септември работи со скратено работно време, преку недела…

September 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?