Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во студентскиот дом „Пелагонија“ директорот набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм, има криминал во домовите, вели Јаневска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Во студентскиот дом „Пелагонија“ директорот набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм, има криминал во домовите, вели Јаневска
МАКЕДОНИЈА

Во студентскиот дом „Пелагонија“ директорот набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм, има криминал во домовите, вели Јаневска

Објавено November 28, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска, додавајќи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на домот купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

„За 5 месеци направивме многу повеќе отколку претходната Влада за 7 години. Но, не може сé одеднаш. Продолжуваме да работиме во интерес на младите и за нив ќе обезбедуваме доволно средства“, рече Јаневска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници
Следна Статија На германски путер во КАМ стои дека сме Провинција Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиески во убедливо водство во Скопје

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Засекогаш ќе расчистиме со структурите кои се против демократска Македонија

Ако не се расчисти најновиот случај со прислушкување и со следење на политички противници, што го правела АНБ во изминатите…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите…

October 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Возрасна мечка бркала 15-годишно момче во околината на Македонски Брод

Возрасна мечка вчера бркала 15 годишно дете во атарот на селото Крапа во Општина Македонски Брод. Детето, кое во тој…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?