Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во Загреб уапсен еден од најголемите српски мафијаши од кланот на Звицер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Во Загреб уапсен еден од најголемите српски мафијаши од кланот на Звицер
БАЛКАН

Во Загреб уапсен еден од најголемите српски мафијаши од кланот на Звицер

Објавено October 11, 2024 23:50
Сподели
Сподели

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Интерпол Загреб го известил српското МВР дека Милован Здравковиќ, кој е осомничен за учество во убиствата на членовите на соперничкиот Шкаљарски клан, е уапсен врз основа на српска меѓународна потерница.

Како што информираат од српското МВР, Здравковиќ (45) денеска е уапсен по потерница од Вишиот суд во Белград за кривични дела трговија со дрога, здружување за извршување кривични дела и тешко убиство.

„Милован Здравковиќ е висок член на организираната криминална група „Кавачки клан“, а сите одлуки поврзани со извршувањето на криминалните дела на оваа група ги носеше заедно со Радоје Звицер и уште неколку истакнати членови“, вели Дачиќ, пренесе Н1.

Милован Здравковиќ, роден во Белград, е осомничен во Србија дека учествувал во планирањето и подготовката на убиството на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ, кои беа убиени на 19 јануари 2020 година во Атина, како член на криминалната група на Радоје Звицер, Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Тој е осомничен дека ги подготвувал и планирал убиствата на Алан Кожар и Дамир Хаџиќ, кои беа убиени на 23 јули истата година на грчкиот остров Крф.

„Улогата на Милован Здравковиќ се одрази во финансирањето на логистиката, плаќањата за издавање станови, ангажирање луѓе за набљудување, како и набавка и транспорт на оружје за извршување на кривично дело. Исто така, Милован Здравковиќ заедно со други членови на кавачкиот клан, во поголеми количини купила наркотичната дрога кокаин, која понатаму ја пренесувала и дистрибуирала во Европа, а Милован Здравковиќ според оперативните сознанија, е кум на Радоје Звицер“, рече Дачиќ.

Кој е Радоје Звицер?
Звицер е еден од највлијателните луѓе на балканското подземје и шеф на кавачкиот клан. Тој беше поврзан со бројни убиства, продажба на дрога и други злосторства.

Звицер се поврзуваше и со убиството на Црногорецот Горан Влаовиќ, кој беше егзекутиран во Зрќе со истрел во тилот од непосредна близина. За убиството, наводно, Звицер платил 50.000 евра, пренесува Курир.

Имаше неколку обиди за атентат врз Звицер. Во 2020 година се обиделе да го убијат додека џогирал среде бел ден во близина на неговиот стан во Киев. Тој е во бегство од февруари 2021 година, кога во Белград беа уапсени членовите на групата на Вељко Беливук. Во 2022 година се појави вест дека е убиен во Панама во изнајмена вила, но оваа вест се покажа како неточна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се запалија три автомобили во Аеродром
Следна Статија Видевски се врати во затворот, судењето за убиствата на Вања и Панче може да продолжи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Малата Данка исчезна пред точно една година, нејзиното тело сѐ уште не е пронајдено

Една година по исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор во Србија, а клучните докази сѐ уште ги…

March 26, 2025
БАЛКАН

Курти повторно премиер на Косово

Собранието на Косово ја избра новата влада предводена од Албин Курти, со што тој по третпат стапува на функцијата премиер.…

February 12, 2026
БАЛКАН

50 мигранти протерани од САД ќе дојдат во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи добила писмо од американскиот претседател Доналд Трамп во кое тој „ѝ се заблагодарува за нејзината посветеност…

August 6, 2025
БАЛКАН

Бугарски професор до македонските камионџии: Станете бугарски државјани, ништо нема да изгубите

Бугарскиот професор и академик Спас Ташев предизвика реакции со својот совет до македонските камионџии, предлагајќи им да се стекнат со…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?