Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи
МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи

Објавено December 22, 2024 12:00
Сподели
Сподели

Секторот Санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје изврши вонреден мониторинг на водоснабдителниот систем на градот Скопје кој беше во прекин со водоснабдување поради изведување на активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и по добиените резултати информира дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи.

Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.

Сакаме да ја информираме јавноста дека од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки ОДГОВАРААТ на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), со што констатиравме дека водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и истата може од страна на граѓаните непречено да се користи, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.

Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање беше изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимераза верижна реакција метода за микробиолошката анализа.

Вчера беше извршена санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во која учестуваа повеќе од 160 лица технички персонал на ЈП Водовод и канализација, како и 150 административен персонал.

Градоналничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по санацијата изјави дека станува збор за модернизација што за првпат се случува во повеќе од 50, односно скоро 60 години во градот Скопје.

Поради овој сложен оперативен план за санација на главниот цевковод поголем дел од Скопје вчера беше без вода од околу 2 часот, се до санирање на дефектот околу 14 часот, по што започна со постепено полнење на магистралниот цевковод на градот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вонредно изборно собрание на ФФМ, Омерагиќ единствен кандидат
Следна Статија ОФИЦИЈАЛНО: Масар Омерагиќ нов претседател на ФФМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Оној што управува автомобил повеќе од 90 од дозволеното не заслужува возачка дозвола

Во декември ќе започне тест периодот на „Сејф сити“, а системот ќе стартува на први јануари следната година најави денееска…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ ќе го прераспредели финансирањето од Западен Балкан во корист на Македонија, Црна Гора и Албанија

Европската комисија е подготвена да ги прераспредели средствата преку алатката дизајнирана да ги стимулира земјите од Западен Балкан да ги…

July 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Две бронзи за Македонија на Менделеевата олимпијада по хемија во Бразил

Македонија освои два бронзени медала на 59. Меѓународна хемиска олимпијада „Менделеев“ што се одржа од 5 до 13 мај во…

May 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Трпението е при крај“, му порача Мицкоски на Обвинителство

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил…

May 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?