Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > „Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
ЗДРАВЈЕ

„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух

Објавено December 11, 2024 09:40
Сподели
Сподели

„Воздух, здравје и ништо помалку“, „Не се дише“, „Кој десно, кој лево, сите се гушиме“, „Во Скопје живеат згради и коли, луѓето се гушат!“, беа дел од паролите на вчерашниот протестен марш против аерозагадувањето што се одржа во Скопје.

На протестот организиран од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, граѓаните маршираа од Министерството за животна средина, преку Собранието до Владата. Тие побараа итно решавање на проблемот со цел граѓаните да не станат еколошки мигранти од сопствената земја.

– Денеска се собравме тука од цела Македонија да зборуваме колку останавме без здив. Да кажеме дека е доста! Над десет години како активисти зборуваме за аерозагадувањето. Преку глава ни е! Само чекаме институциите да кажат нешто, да мрднат со прст и никако да се случи тоа. Тука сме да го искажеме нашиот револт бидејќи се отселивме од државава како еколошки мигранти, посочи еко-активистот Горјан Јовановски од „Зелен Хуман Град“.

Тој потенцираше дека нивните барања се доставени до сите институции со цел да се имплементираат и да се реши проблемот со аерозагадувањето.

– Имаме доставено барање година по година, не е ни прва година. Ги доставивме до Влада, до МЖСПП, до локалната самоуправа, до Собранието, предлози кои што се базирани на наука, не се научна фантастика, може да се имплементираат. Ниту сме прва држава што се соочува со загадување кое не може да го реши. Имаме соседи кои го решија загадувањето, европски градови, Кина го реши пред нас загадувањето, посочи тој.

Дејан Димитровски од „Зелените од Гази Баба“ повика повеќе граѓани да се придружат на овие протести со цел да се помогне да се реши ситуацијата.

– Мора еднаш која било влада да ги реши овие работи, доста ни е, сите пријатели и роднини се отселија од државата. Или нека ни кажат дека не преземаат ништо да знаеме и ние да се отселиме од државата, рече Димитровски.

Протестот се организира бидејќи секоја година, според информациите од „Зелен Хуман Град“, од 3.828 до 5000+ луѓе во земјава ги губат животите како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5.

Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фирмите на синот на Васко Ковачевски работеле турбо откако таткото си дал оставка во ЕСМ
Следна Статија Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско-Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кратат на храна за да купат цигари: Македонија шампион во Европа по бројот на пушачи

Граѓаните кратат на храна, облека, здравје, домување и многу други основни потреби за да можат да купат цигари. Речиси половина…

December 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Македонецот Иво Бошкоски од болницата „Џемели“ во Рим дел од тимот што го освои престижниот истражувачки натпревар ERC Synergy Grant 2025

Доктор Иво Бошкоски, Македонец од Тетово, кој е професор по гастроентерологија на Одделот за медицина и транслациона хирургија и високо…

November 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

Поедноставување на патот на пациентите со рак – оптимална тимска грижа за вашето здравје наместо талкање по болнички ходници

Општиот успех на здравствената заштита да се структурира околу потребите на пациентите, меѓу останатото, се огледа и во потребата од…

December 19, 2024
ЗДРАВЈЕ

Нови правила за „Мој термин“, ќе се знае точно кој каде треба да оди

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека според проценки на стручни медицински експерти, „во моментов, 70 отсто од пациентите што…

June 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?