Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта
ПОЛИТИКА

Вреди: Али Ахмети и ДУИ леат крокодилски солзи поради губењето на власта

Објавено October 12, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Колку повеќе завива Демократската унија за интеграција, толку повеќе се разобличуваат нивните лаги и манипулации, и толку подлабоко паѓаат во стапиците што самите ги поставиле за да ги закопаат своите политички противници, реагира коалицијата Вреди.

Аргументот на Али Ахмети за легитимитет е разобличен со фактот дека барем тројца од пратениците на „Европскиот фронт“ не зборуваат албански, и на албанската јавност ѝ се обраќаат на македонски јазик! Во оваа група се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурат, милионерот и пратеник Исмаил Јахоски, познат како Пуцко Петрол, и пратеникот Бејџан Иљас. Второ, Али Ахмети одамна го загуби ексклузивното право да зборува во име на Охридскиот договор. Бидејќи долго време е на власт и за да ја зачува својата фотелја, Ахмети направи стотици отстапки и извитоперувања на основните дефиниции на Охридскиот договор. За време на неговиот 22-годишен мандат, официјализацијата на албанскиот јазик стана предмет на пазарење, децентрализацијата на власта деградираше во банално прашање, додека вниманието се посвети само на збогатувањето на неговите вечни функционери.

Трето, Али Ахмети веќе нема морален кредибилитет да зборува за статусот на поранешните борци на Ослободителната народна армија (ОНА). За жал, за време на сите мандати на Ахмети беа затворани и убивани поранешни борци на ОНА.

Неговиот заменик Арбер Адеми беше фатен на дело! Јавноста виде во оптужницата што Арбер ја поднесе против државата поради „бегството од домашен притвор“ на Блерим Рамадани. Покрај тоа, сите влади на Али Ахмети досега редовно доделуваа финансиски средства за социјална поддршка на бранителите. Но, ниту една влада на Али Ахмети досега не го решила статусот на поранешните борци на ОНА.

Четврто, Али Ахмети го вложи својот кредибилитет и моќта на неговата партија за, преку контрола на судството, да го спаси Никола Груевски од затвор. Фактот дека Сашо Мијалков денес е слободен граѓанин, а сите негови казни застареа затоа што ДУИ заедно со Кренар Лога го сменија Кривичниот законик, не бара дополнителен аргумент дека Али Ахмети бил животно заинтересиран и работел на спасување на Груевски и негово враќање како херој од Будимпешта.

Петто, Али Ахмети имаше 22 години време, шест владини мандати, министер за надворешни работи и ПРЕМИЕР за да ги реши отворените прашања со соседите и да ја направи Македонија членка на Европската Унија. Али Ахмети не успеа. Сега е време Али Ахмети да биде опозиција. А приоритетите и политиките на државата, како и нејзините стратешки ориентации, ги определува владата, велат од Вреди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Припадниците на БСС и ЕБР ја покажаа синергијата, квалитетот и професионалноста
Следна Статија (ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ахмети: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Мазут“ е продолжение на притисоците врз „Пуцко петрол“

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска преку видеоизјава изрази загриженост за серијата обвинувања од страна на…

May 19, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче спрема бојкот на изборите за да ја спаси фотелјата, велат од ЗНАМ

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска го обвинити опозицискиот СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче за длабоко неодговорен,…

April 26, 2026
ПОЛИТИКА

Пренџов: Ќе видиме дали некој од неговите ќе му верува на Таравари и дали ќе поднесат оставки од функциите кои ги извршуваат

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Влада, истакна дека останува на времето да…

May 13, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов бара оставка од Филипче објави Скопје1.мк

Поранешниот градоначалник на Скопје и функционер на СДСМ, Петре Шилегов, јавно побара оставка од, како што го нарече, „претседателот“ на…

December 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?