Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вучиќ: Итна реконструкција на Владата, да бидат сменети над половина од министрите, во наредните денови ќе се исполнат сите студентски барања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Вучиќ: Итна реконструкција на Владата, да бидат сменети над половина од министрите, во наредните денови ќе се исполнат сите студентски барања
БАЛКАН

Вучиќ: Итна реконструкција на Владата, да бидат сменети над половина од министрите, во наредните денови ќе се исполнат сите студентски барања

Објавено January 27, 2025 19:16
Сподели
Сподели

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека бара „најитна и голема“ реконструкција на Владата на Србија и оти очекува да бидат сменети повеќе од половината од досегашните министри.

Тој пред новинарите во Палатата Србија изјави дека во тешки времиња станало јасно кои членови на владата се подготвени да се борат и да работат, а кои не.

Според него, подобрувањето на стандардот на граѓаните е најважната задача на секоја власт, пренесе Бета.

Во обраќањето најави дека во следните неколку дена ќе бидат исполнети сите студентски барања, од објавувањето на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад, која е во сопственост на државата, до помилување на активистите уапсени за време на протестот.

Вучиќ пред новинарите во Палатата Србија изјави дека во наредните денови ќе бидат објавени сите документи за реконструкција на станицата, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата на 1 ноември 2024 година, согласно 24-те точки. објавени од Градежниот факултет во Белград кои недостасуваат во однос на претходно објавена документација.
Тој додаде дека денеска се објавени дополнителни 925 документи, а објавувањето на останатите документи се уште е во тек.

Зборувајќи за документацијата која вклучува договори со изведувачи и подизведувачи, рече дека тие не биле означени како тајна и дека не му е јасно зошто Владата веднаш не ги објавила.

Тој изјави дека смета дека за реконструкцијата на железничката станица има вкупно 82 подизведувачи, дека до утре ќе бидат објавени договорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Големо повлекување на Кока-Кола од пазари во Европа поради високи нивоа на хлорат
Следна Статија (ФОТО)Хотел „Југославија“ срушен до темел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: „Шарените“ потрошиле 20 милиони евра само за храна

Александар Вучиќ  одговори на прашањето за состанокот во Центарот за културна деконтаминација, посочувајќи дека има многу докази за Шарена револуција…

April 25, 2025
БАЛКАН

Србија ја обвини Бугарија за длабока шпионажа

Српски „истражувачки филм“, чиј прв дел е емитуван во Белград, посочува бугарски научници и дипломати како дел од моќна шпионска…

August 5, 2025
БАЛКАН

Aмериканците го затвораат Бондстил?

Пред неколку дена американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на безбедносната конференција во Минхен најави големо повлекување на американските војници од Европа,…

February 19, 2025
БАЛКАН

Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра

Какви цени ве очекуваат во Грција откако ќе ги истрошите познатите и традиционални „резерви“  домкнати од Македонија? Лебот чини од…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?