Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 10 години Македонија платила над 7 милијарди евра за храна од странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За 10 години Македонија платила над 7 милијарди евра за храна од странство
ЕКОНОМИЈА

За 10 години Македонија платила над 7 милијарди евра за храна од странство

Објавено February 1, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Македонските потрошувачи во последните години се соочуваат со се повисоки цени на основните производи. Овој тренд е особено забележлив со увозната храна. Иако земјата е плодна и има голем потенцијал за производство, реалноста е сосема поинаква. Македонија е увозно зависна земја, која не произведува доволно месо, зеленчук, жито, сточна храна, масло за јадење, а шеќерот целосно го увезуваме, анализира Сител. Статистиката покажува дека во последните 10 години, сме платиле над 7 и пол милијарди евра само на увозна храна. Увозот драматично почнува да оди нагоре по пандемијата на коронавирусот.

Една од причините лежи во недостатокот на работна сила во земјоделието. Бројот на регистрирани земјоделци изнесува околу 65.000, што е значително намалување во споредба со пред десетина години кога биле 90.000. 

Просечната старост на земјоделците е над 50 години. На таа возраст е и Тони Димевски и за себе вели дека е еден од помладите земјоделци. Има фарма со илјадници пилиња и за нив самиот произведува храна. 

  • „Обработуваме некаде околу 15 хектари земја, пченица, пченка и јачмен. И одгледуваме бројлери, пилиња за месо“ – Тони Димевски.

Освен житни култури, произведува и овошје и зеленчук.

  • „Се што е за домашни потреби го произведуваме ние затоа што се наоѓаме во плоден дел во Скопје, со доволно вода. Од пролетните салати, до есенските производи. Значи, пипер, патлиџан, зелка, тиква, се се произведува на нашата фарма“ – Тони Димевски.

Во работата е вклучено целото семејство. Синовите уште од мали ги научил да го сакаат земјоделието. 

  • „Тие се вклучени во целото производство, во целиот процес на одгледување на пилињата и производство на храна. Знаат и да ораат, и да копаат. Знаат и пилињата да ги гледаат“ – Тони Димевски.

Неговиот син Стефан има 25 години. Го прашавме дали за млад човек е исплатливо да биде земјоделец.

  • „За да биде поисплатливо треба да се има поголема автоматизација на нивите, да се предаде во откупен центар, да бидат пријавени нивите за да можеш да си земеш субвенции од државата, поддршката којашто ја даваат. И да не бидат скептици сите да го прават тоа“ – Стефан Димевски.

Од неговите врсници малкумина сакаат да работат на поле. На земјоделието гледаат како тежок и несигурен бизнис.

  • „Сите се разочаруваат и ја бараат среќата надвор од Македонија. Можеби затоа што не се доволно упатени во работата. Тука мора да бидеш 100% посветен, нема денеска е празник јас нема да одам да работам, мора да се сработи“ – Стефан Димевски.

Со помалку работници во земјоделството, расте потребата од увоз. Тоа, пак, резултира со сè повисоки цени. Трошоците за транспорт и производство на странските пазари влијаат директно на цените што ги плаќаме дома, што доведува до непредвидливо поскапување на храната.

Ресорниот министер Трипуновски најави низа мерки со поволности и приоритети за стимулација на младите земјоделци.

  • „Во програмата за рурален развој за 2025 година ќе имаме посебна мерка за активирање на млади земјоделци со финансиска стимулација за започнување на сопствен бизнис или евентуално проширување на постоечки, дополнително категоријата луѓе од 18 до 40 години имаат дополнителни бодови во бодирањето за кофинансирање кое го дава државата по однос на мерките дали е тоа механизација или друга мерка, значи имаат предност, корисниците на земјоделското земјиште дали се нови или тие што сакаат да влезат во процесот се три години ослободени од закуп на земјоделско земјиште“ – Цветан Трипуновски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За незаинтересираноста на младите, Тони гледа одговорност и кај родителите.

  • „Родителите наместо да ги носат децата по ресторани, да ги носат на фарми и ниви. Да им објаснат што е зелка, што е компир, што е кромид. Да не мислат децата дека се доаѓа од градот. Не, храната доаѓа од селото“ – Тони Димевски

Од земјоделство во Македонија живеат околу 440.000 граѓани или една четвртина од населението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Просечната плата во Црна Гора надмина илјада евра
Следна Статија (Видео) Црвена звезда го победи Партизан, Недовиќ повторно херој

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада

Денес сме тука да ја испратиме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот…

June 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во среда слетува првиот авион од Париз, Скопје наскоро ќе се поврзе и со Барселона и Лион

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат…

March 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пруга кон Бугарија ќе има кога ќе се договориме дека заеднички ќе ја завршиме

Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Божиновска-Ванделт: Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со претставници на Германската стопанска комора (AHK Северна…

January 29, 2025
Trending

Technology

  • Innovate
  • Gadget
  • PC hardware
  • Review
  • Software

Health

  • Medicine
  • Children
  • Coronavirus
  • Nutrition
  • Disease

Culture

  • Stars
  • Screen
  • Culture
  • Media
  • Videos

More

  • ХОРОСКОП
  • СВЕТ
  • ЗДРАВЈЕ
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?