Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > „За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец
ХРОНИКА

„За коса ја извадил од такси возилото, ја удрил со глава и ја пукнал левата аркада“, Обвинителството поведе постапка против скопјанец

Објавено October 16, 2024 11:00
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец поради основано сомнение за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 14 октомври, со умисла при вршење семејно насилство тешко телесно ја повредил својата вонбрачна партнерка. Двајцата со такси возило се враќале во нивниот дом кога меѓу нив настанала вербална расправија. Во моментот кога дошле во близина домот, осомничениот ја фатил оштетената за коса, ја извадил од такси возилото и ја удрил со глава во челото со што и ја пукнал левата аркада. Потоа продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.

Според проценката на јавниот обвинител, во конкретниот кривично-правен настан се исполнети законските претпоставки за определување на мерка притвор – опасност од бегство и можност да го повтори семејното насилство кон оштетената. Од тие причини, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителството достави предлог за определување мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брутална егзекуција открива дека со популарниот грчки остров Миконос владеат банди (ВИДЕО)
Следна Статија Илон Маск донираше 75 милиони долари за кампањата на Трамп

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен

Едно лице загина а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Битола –…

March 9, 2025
ХРОНИКА

Сакал да излезе од Македонија со 3622 монети со археолошка вредност: Албански државјанин фатен на Табановце

Полициски службеници вчера вечерта на ГП Табановце на излез од државата, го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија. -При…

November 19, 2024
ХРОНИКА

Гостиварец доби кривична пријава: Од лажен профил објавувал фотографии од девојки и текстови со сексистичка содржина

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во МВР, по неколкумесечна истрага, го расчисти случајот во кој приватни…

July 31, 2025
ХРОНИКА

ЈА ЗГАЗИЛ ФРОСИНА НА ЦРВEНО, ВОЗЕЛ ПИЈАН И БЕЗ ДОЗВОЛА 20-годишниот Васил Јованов се соочува со 20 години затвор

По целосно спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за –…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?