Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За многу години Митровден: Го празнуваме Св. великомаченик Димитриј
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За многу години Митровден: Го празнуваме Св. великомаченик Димитриј
МАКЕДОНИЈА

За многу години Митровден: Го празнуваме Св. великомаченик Димитриј

Објавено November 8, 2024 09:20
Сподели
Сподели

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 октомври.

Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден.

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои Христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа.

На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Блажениот Грацие.

Живеел во петнаесттиот век, во Мула кај Котор, во сиромашно рибарско семејство. Работел на бродови како морнар. Додека патувал со бродовите мислел дака Господ го повикува потполно духовно да живее како калуѓер. Отишол во манастир во Венеција, а калуѓерскиот живот го продолжил во Падова. Се грижел и им помагал на сиромашните. Триста години по неговата смрт, телото му било пренесено во Котор. Му се молат верниците кои се наоѓаат во финансиски кризи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Најбогатите луѓе во светот по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари
Следна Статија Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за учебници, усвои и повеќе закони од различни сфери

Собранието вчера ги донесе Законот за учебници во основно и средно образование, Законот за изменување и дополнување на Законот за…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во…

February 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Затворен за сообраќај регионалниот пат Виница – Берово поради протест на граѓани

АМСМ информира дека од 14:52 часот регионалниот пат 1304 Виница – Берово е затворен за сообраќај. Како што наведува, патот…

February 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?