Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, најскапо платена годинава е Северина, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, најскапо платена годинава е Северина, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
ЗАБАВА

За пејачи и изведувачи општините трошат 1 милион евра годишно, најскапо платена годинава е Северина, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Објавено December 19, 2024 12:40
Сподели
Сподели

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за трошоците на општините за забавни манифестации.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето покажа дека:

Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра.

Лани, за оваа намена се потрошени 1 милион и 11 илјади евра.

Најскапо платена, годинава, е Северина, за која Крива Паланка платила 25 илјади евра.

Сепак, годинава најмногу вкупно пари добила Јелена Розга – 42 илјади евра, за два настапи, во Берово и во Штип.

Лани, најскапо бил платен Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил скоро 26 илјади евра.

Најмногу пари на забавни манифестации трошат општините Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес.

Овие услуги општините ги набавуваат преку помалку транспарентни постапки или наоѓаат начини да не го применат Законот за јавни набавки.

Вакви трошоци имале 50 општини. Од другите, 29 немаат, а две не доставија податоци.

Забавните манифестации што општините ги организираат по разни поводи, како одбележување на некои празници (Нова Година) или нешто што е специфично за таа општина (храна, пијалак, традиција и сл.) ги чинат граѓаните повеќе од 1 милион евра, секоја година. Притоа, ова се пари што општините ги плаќаат од своите буџети и во сумата не влегуваат парите што за оваа намена се платени преку донации, најчесто од фирми и поединци, се наведува во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански
Следна Статија (Во живо) Путин: Ајде да направиме експеримент, изберете цел и доведете ја западната воздушна одбрана таму, нема шанси да го пресретне Орешник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Апасиев по вторпат татко, ја доби ќерката Сара

Претседателот на партијата „Левица" и пратеник во Собранието Димитар Апасиев, стана татко по втор пат. Неговата сопруга Тамара на свет…

June 12, 2025
ЗАБАВА

Градоначалникот на Рим и Емануел Макрон се скараа за „Емили во Париз“

Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати…

October 10, 2024
ЗАБАВА

Aца Лукас проговори за затворските денови: Повеќето „цимери“ ги знаев, доаѓаа на моите свирки

Aца Лукас се приести за деновите кога беше уапсен со акцијата „Сабја“ по атентатот врз Зоран Ѓингиќ.Тој вели дека многу…

December 27, 2024
ЗАБАВА

Џамбазов за Андреј: Пријателе …малкумина има како тебе, ти беше од таа специјална сорта – добри луѓе

Македонскиот музичар, актер, текстописец и шоумен, Игор Џамбазов со длабока тага изрази жалење за прерано згаснатиот живот на неговиот колега…

March 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?