Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село, Мицкоски ја најави градбата на нов мост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село, Мицкоски ја најави градбата на нов мост
МАКЕДОНИЈА

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село, Мицкоски ја најави градбата на нов мост

Објавено January 3, 2025 18:40
Сподели
Сподели

Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР го забранија за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите Велес, се додека се најде привремено решение. За сообраќај се очекува да се приспособи едната лента на мостот до изградбата на нов мост педесетина метри подолу од постоечкиот. Дотогаш најголем дел од сообраќајот ќе се се одвива низ централното градско подрачје на Велес каде веќе од денеска се создадоа гужви.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска беше на увид на мостот во Башино Село заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за сообраќај Александар Николовски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски и градоначалникот на Велес Марко Колев.

Општина Велес во наредните денови ќе чека техничко решение за санација на мостот од деканот и стручните служби на Градежниот факултет од Скопје и да може од 60 до 90 дена повторно да се пушти за сообраќај барем едната лента на мостот.

Како што информира денеска градоначалникот Марко Колев паралелно се оди кон проектирање и изградба на нов мост на педесетина метри подолу од овој мост.

Премиерот Мицкоски кажа дека иако уште во 2018 година, тогашниот градоначалник апелирал да се реконструира мостот, тоа не е направено.

-Добро е да се знае дека овој мост е изграден во 1971 година, како времено решение од страна на тогашната Армија. После толку години, еве би рекол ако денеска го гледаме, тоа се 53 години, ова времено решение полека но, сигурно станувало некако трајно решение и дојдовме до состојба во којашто мора да се преземат вакви чекори. Јас од мое име би сакал да им се извинам на велешани и на сите оние граѓани, коишто во следниов период за жал ќе имаат зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост за сообраќај. Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро да ние примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54 година ништо не се направило, рече Мицкоски.

Посочи дека во 2019 година сменета е категоризацијата на мостот од локален во државен и дека за реконструкција биле потребни само седум милиони денари.

-Ништо не е направено и сега сме доведени во ситуација во којашто сме, да колегите од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, донесат заклучок во којшто се вели дека, во овој момент се забранува секако вид на сообраќај на овој објект, бидејќи конструкциите се од висок ризик. Инаку вака од прилика изгледаат хоризонталните носачи. Еве да видите како изгледа отприлика. Практично комплетно имаме уништена и арматура и бетонска конструкција отприлика вака сетo тоа изгледа, рече Мицкоски покажувајќи фотографии од конструкцијата на мостот констатирајќи дека тоа е целосно уништено.

Додаде дека тука се припадници од МВР од специјалните единици, дека има и нуркачки активности, за да може колку толку да снимаат одоздола, во делот на темелењето и да им се дадат овие снимки на професорите од Градежниот факултет, час поскоро да го изготват техничкото решение за да може во следните до 90 дена максимум, да има каков таков сообраќај барем на едната лента, преку користење на сигнализација со семафор.

Изградбата на новиот мост треба да почне во втората половина од оваа година и ќе биде на некои педестина метри подалеку од постоечкиот.

– Од директорот на Јавното претпријатие државни патишта, сум информиран дека следниов период, следниве недела-две, месец најдоцна, ќе заврши повикот за избор на проектанти. Тие веднаш ќе можат да почнат да проектираат. Месец и половина, до два, би било проектирањето, а потоа јавна набавка, тендер и очекуваме некаде втората половина од следната година да биде изготвен проектот, изведувачот да се избере и така натаму и да може да се изгради новиот мост, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од сабота до вторник ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред
Следна Статија Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На талибански начин се избришани македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Oна што го најавуваат бугарските медиуми доби потврда. Премиерот Мицкоски денеска рече дека на талибански начин се избришани македонскиот јазик…

July 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oхрид преполн со туристи за Нова Година

Последните часови од старата 2025 година што изминува Охрид ги минува во знакот на завршните подготовки за што подобар пречек…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

МНР: Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?