Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето
ХРОНИКА

Загинаа работници од Велес кои се враќале од работа, ќе се вештачи комбето

Објавено October 17, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека интензивно презема дејствија за утврдување на причините за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес.

Во текот на ноќта издадени се повеќе наредби за вештачење на траги пронајдени на местото и за обдукција на починатите. Комбето е подигнато од местото на несреќата и ќе се врши и вештачење со цел да се испитаат сите околности кои довеле до настанот, се вели во соопштението.

Во сообраќајката што се случи вчера попладне на автопатот Скопје – Велес, три лица загинаа, а пет беа повредени.

Станува збор за работници од Велес, кои се враќале од работното место во Скопје и патувале со организиран превоз од фирмата во која работеле.

Несреќата, како што соопшти МВР, е пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

Во СВР Скопје било пријавено дека синоќа во 17.35 часот на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово, патничко возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(32) од Велес, излетало од патот и се превртело. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале сопатниците А.Н.(37), Ј.А.(47) и Д.Ц.(66), сите од Велес, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Додека, со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Д. и сопатниците З.С.(59), В.З.(67), Н.Н.(33) и Б.П.(41), сите од Велес, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти МВР.

Поради сообраќајката вчера попладне беа блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот беше во прекин од 17:45 часот и се пренасочуваше преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец
Следна Статија Во тек голема полициска акција во Тетово и Охрид, има приведени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(ВИДЕО)Пожар во отпадот за старо железо „МИКОМП“ кај Прилеп

Денеска избувна пожар во депонијата за старо железо на компанијата „МИКОМП“, лоцирана на излезот од Прилеп, во близина на бензинската…

November 5, 2025
ХРОНИКА

ОЈО бара притвор за девет лица во предметот „Адитив“

По вчерашната успешно спроведена акција и донесената Наредба за спроведување на истражна постапка против 23 лица, денеска предметните обвинители до…

December 11, 2024
ХРОНИКА

Расчистено убиството пред угостителски објект во Струмица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Х.(18) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и…

December 4, 2024
ХРОНИКА

Отворена истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки – осомничениот е припадник на нарко групата „Барон“

Скопското обвинителство отвори истрага за убиството на Орхан Бајрам – Оки, еден од водачите на криминалната група „Дуќанџик“ кој беше…

November 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?