Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Твоја Сметка – Твои Пари! Со предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Зајкова: Твоја Сметка – Твои Пари! Со предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните
ЕКОНОМИЈА

Зајкова: Твоја Сметка – Твои Пари! Со предлог-законот за платежни услуги застануваме на страната на граѓаните

Објавено November 23, 2024 14:00
Сподели
Сподели

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, повикува на детално разгледување и поскоро носење на предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, кој вчера по втор пат го поднесе во македонското Собрание.

„Со поднесувањето на овие измени и дополнувања испраќаме силна порака дека сме на страната на граѓаните. Во време на сеуште не излечена економска криза и најава за можна нова, последно нешто што им треба на граѓаните се дополнителни финансиски оптоварувања. Предлагаме конкретни мерки, од кои корист ќе имаме сите ние кои секојдневно ги користиме банкарските услуги. Затоа апелирам до колегите-пратеници од сите пратенички групи, да застанеме на страната на граѓаните и да покажеме дека вистински се грижиме за нив“, вели Зајкова.

Со усвојувањето на предложените законски решенија граѓаните ќе се заштитат од плаќања на надоместок или провизија за водење и одржување на сметка на платежна картичка, регистрирање и користење на услугата за електронско банкарство, проверка на состојбата на сметка на банкомат и издавање на изводи за состојба на сметка од експозитура на банка.

Дополнително, ќе се укинат трошоците за повлекување на готовина од сметки од банкомати, за издавање на потврда за состојба на кредит и потврда за затворен кредит, членарина за платежна картичка, како и трошоците за разгледување и обработка на барања за кредитни аранжмани, за станбени кредити и други провизии за кредит.

Уште една мерка која ја предвидува овој предлог-закон е ограничување на надоместокот за провизија за учесникот во платниот промет кога врши уплата преку уплатница или образец.

„Носењето на правилни и добри законски решенија ќе доведе до зголемување на финансиската моќ и ќе ги опфати сите домаќинства. Не случајно и главната порака на оваа наша кампања е ‘Твоја Сметка – Твои Пари“. Доколку овој пат предлогот ги помине сите собраниски филтри и заедно со пратениците од сите партии го изгласаме, парите навистина ќе ги вратиме во џебот на граѓаните“, додава претседателката Зајкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мрежата за родов надзор алармира: Буџетот за 2025 година без родова перспектива
Следна Статија Орбан: Не е трик, сериозно сфатете ја нуклеарната закана на Путин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитров: Во текстилниот сектор работат 25.000 работници, се очекува намалување на нивниот број за уште 5.000

 Македонските текстилни конфекции се соочуваат со недостиг на порачки од страна на традиционалните германски партнери. Ангел Димитрова од Организација на…

June 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните и бизнисите во банките чуваат 9,7 милијарди евра, но колку изнесува нивниот долг?

Граѓаните и во март продолжиле со активно задолжување, најмногу за станбени и потрошувачки кредити, каде што забележан е раст од…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе нова одлука со која се намалуваат малопродажните цени на горивата. Според…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка

Граѓаните и компаниите на Македонија Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора наскоро ќе можат брзо да плаќаат во…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?