Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!
ХРОНИКА

Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица: Уапсените фалсификувале евра и ги пуштале во промет!

Објавено February 2, 2025 21:26
Сподели
Сподели

Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени. Координацијата и спроведувањето на активностите на македонската територија се под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Извршени се 23 наредби за претреси на лица и дом и притоа се обезбедени материјални докази, информираат вечерва преку соопштение од Јавното обвинителство.

При претресите се пронајдени и одземени парични средства во износ од околу 500 000 евра, 25 000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1800 израелски шекели, 500 хрватски круни, 10 000 албански леки, 1000 шведски круни и 25 000 рубљи. Воедно се пронајдени топли ваљаци, преси, ЦНЦ машина за изработка на калапи и жигови со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, пиштол, куршуми, кесиња со прашкаста бела и кафеава материја, телефонски апарати, сим картички, УСБ, детектор за фалсификувани банкноти, холограми, бројачи на пари, други предмети за фалсификување пари и лаптопи кои ќе бидат предмет на вештачење. Воедно десет лица се лишени од слобода.

Операцијата се надоврзува на претходната операција од август минатата година спроведена од ОЈО Скопје и косовското Специјално обвинителство, кога беа пронајдени и запленети машини за фалсификување на евромонети, готови и полуготови фалсификувани монети, калапи и материјали потребни за изработка на монетите, а во Косово беше уапсен македонски државјанин кој ги произведувал и пуштал во оптек.

Денешната операција во целост е поддржана од ЕВРОПОЛ и од Проектот на ЕВРОПРАВДА за кривична правда на Западен Балкан, кои овозможија оперативна координација, критична разузнавачка анализа и техничка помош за реализација. Истовремено, во денешната акција во Србија се извршени претреси на повеќе локации во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица и притоа се приведени шест членови од криминалната група, а запленети се 180 000 фалсификувани банкноти – евра.

Со подетални информации јавноста ќе биде информирана во текот на утрешниот ден по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка, информираат од ЈО.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје
Следна Статија Вучиќ: Србија мора да добие српска влада, не ни требаат влади наметнати однадвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје

На 05.12.2025 во 18:40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, полициски службеници го лишија од…

December 6, 2025
ХРОНИКА

Кривична за инспектор во МВР, евидентирал фиктивни прекувремени часови за две вработени

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во МВР поради злоупотреба на службената положба и овластувања. „Б.М., во моментот на работно…

May 14, 2025
ХРОНИКА

Повреден работник во каменолом во Куманово

Работник во каменолом во Куманово бил тешко повреден, додека извршувал работни задачи, соопшти денеска кумановската полиција. Вчера во 13:34 часот…

April 29, 2026
ХРОНИКА

Осумдневен притвор за Стојанче, осомничен за физичко насилство и наведување на самоубиство

Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и му одреди мерка притвор на сопругот осомничен за физичко…

March 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?