Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените
ЕКОНОМИЈА

Завршува есенската потрошувачка кошница, Владата најавува дека ќе реагира ако повторно се зголемат цените

Објавено October 31, 2024 08:24
Сподели
Сподели

Завршува мерката за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи што беа опфатени со есенската потрошувачка кошница. Одлуката ја донесе Владата во втората половина на септември, а со неа беа опфатени 73 основни прехранбени производи на кои бруто профитната маржа им беше ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало.

Владата најавува дека жестоко ќе се спротистави доколку повторно се зголемат цените. По министерот за економија, и премиерот Христијан Мицкоски завчера најави дека ќе ги искористат сите алатки што им стојат на располагање со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Очекувам заедно со коморите, трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа, жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање, изјави Мицкоски пред учеството на Првата годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје.

Министерот за економија Бесар Дурмиши во изјава за медиумите дадена на 25 октомври оцени дека мерката дала резултати затоа што цените на одредени производи се намалиле од пет до десет проценти. Тој верува дека трговците нема да ги зголемат цените затоа што од крајот на септември во сила е и Законот за нефер трговски практики со кој над 2.500 производи имаат ограничена маржа од 10 проценти.

– Ако имаме драстично зголемување на цените наредниот месец, ќе донесеме поригорозни мерки … изјави Дурмиши.

Од Сојузот на синдикати на Македонија каде ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошница со показатели колкави се минималните трошоци на едно четиричлено семејство велат дека мерката на Владата не ги дала посакуваните резултати затоа што трговците ја изиграле.

– Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот на храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намалана за 965,00 денари, истакнаа од ССМ при објавата на синдикалната кошница за октомври.

Од ССМ остануваат на ставот дека при креирање на мерките, Владата треба да го вклучи и синдикатот, а потребни се и поголеми контроли и казни за несовесните трговци.

Податоците на ССМ покажуваат дека на едно четиричлено семејство во октомври му биле потребни минимум 61.249,00 денари за подмирување на основните потреби. Овој износ се зголемува доколку семејствата плаќаат и кирија за стан. Најголем дел од месечните потреби или 22.069,00 денари биле потребни само за храна и пијалоци.

ССМ бара и зголемување на минималната плата на 450 евра, но засега ова прашање останува отворено.

Премиерот Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека во Предлог-буџетот за 2025 година, којшто очекува деновиве да се најде пред пратениците, се предвидени средства за зголемување на платите и дека како резултат на постигнатиот договор со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) веќе од ноември вработените ќе го добијат првото зголемување. Очекува в понеделник или вторник да почнат и разговорите со Синдикатот за здравство.

Од Владата, според досегашните изјави, најавуваат и новогодишна, божиќна, рамазанска… потрошувачка кошница со ограничено времетраење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) „Беше како цунами“; „Не знам каде се нашите родители“: судот во Валенсија претворен во мртовечница
Следна Статија (Видео) Бајден ги нарече поддржувачите на Трамп – ѓубре, Доналд на митинг дојде со камион за отпад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Во март просечната нето-плата 48.433 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2026 година, изнесуваше 48 433 денари и во однос на март 2025…

May 22, 2026
ЕКОНОМИЈА

РКЕ донесе одлука: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука за…

April 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња“…

April 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија

Воспоставувањето систем за географски ознаки за вино е клучен чекор во дефинирањето и унапредувањето на стандардите во производството и заштитата…

July 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?