Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд
МАКЕДОНИЈА

Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд

Објавено July 3, 2026 20:47
Сподели
Сподели

Радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д-радар и преносни сензори, беа презентирани денеска во касарната „Илинден” во Скопје, набавена за армијата.

На презентацијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Новата опрема армијата ја доби преку Европскиот мировен фонд, со финансиска поддршка од Европската Унија во вредност од над 40 милиони евра.

Испораката е поделена во три фази, при што во земјава веќе се пристигнати првиот пакет и дел од вториот.

Меѓу набавената опрема се радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д-радар и преносни сензори, додека во последната фаза се очекува испорака на логистичка, комуникациска и пешадиска опрема.

– Сакам да ја искористам оваа прилика да ја истакнам работата на началникот на Генералштабот и да се заблагодарам на неговата неуморна работа и посветеност, за да може нашата Армија да изгледа вака како што изгледа, да биде конкурентна, да биде подготвена. Сведочевте на прекрасна вежба. На сите оние старешини коишто се дел од Генералштабот, дел од единиците, и се разбира, најголема благодарност до луѓето, до војниците, коишто сето ова кое што денеска го видовте, го извршија беспрекорно – порача премиерот Мицкоски.

Потенцира дека остануваат посветени да ги исполнат сите барања од страна на НАТО Алијансата.

– Пред неколку дена, во посета кај нас беше главниот командант на вооружените сили на НАТО за Европа, господинот Гринкевич, којшто јасно кажа дека сите инфраструктурни проекти коишто во моментот ги движиме, вклучително и средствата коишто ги одвојуваме, претставуваат пример за многу земји членки на НАТО и тие, во нашиот случај, достигнуваат и до четири проценти, што навистина за нас претставува една цел која што ќе се обидеме, во годините коишто следат, да ја одржиме – додаде Мицкоски.

Според него, четири проценти од бруто-домашниот производ, имајќи предвид дека номиналниот бруто- домашен производ во последно време расте со стапка од осум проценти и повеќе, ќе претставува предизвик.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Струга го продаде службеното Ауди на Мерко за 22.000 евра
Следна Статија Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денес соочувајќи се со бројни предизвици треба да го следиме делото на Св. Климент Охридски

На овој голем ден оддаваме должна почест и почит за неговото големо духовно-просветителско дело на Св. Климент Охридски, нашиот голем…

December 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) 38 возила се ставени во употреба за гаснење на пожарите

Најпрвин ќе ми дозволите да се заблагодарам на општествено одговорните компании коишто еве помогнаа да ова денес што успеавте да…

July 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Тргнете ги рацете од Уставниот суд!

Тргнете ги рацете од Уставниот суд! Останете реално и вистински посветени на заложбите за владеење на правото, за правна држава…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?