Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж
ПОЛИТИКА

Филипче: Нема да дозволиме изборен грабеж

Објавено July 3, 2026 20:50
Сподели
Сподели

Нашите позиции се принципиелни, СДСМ ќе остане конструктивен за Изборниот законик, но нема да прифати решенија што отвораат простор за изборни манипулации и изборен грабеж, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Ние нашите позиции, односно за Изборниот законик, јасно ги кажавме и ги образложивме. Од што стравуваме, зошто сметаме дека тоа не е добро да биде така формулирано во законот. Зошто да има различно гласање за дијаспората и за луѓето кои што живеат во дијаспора, од луѓето кои што тука живеат? Зошто ние тука гласачите да оставаме фингерпринт и така натаму, а некој да гласа електронски или да гласа со писма? Зошто да не е еднакво безбеден процесот на гласање за тие што се во земјата и за тие што не се во земјата? Ние за тоа се бориме“, рече Филипче.

Со предложените решенија Владата неоправдано ги изложува граѓаните од дијаспората на сомнежи и ризици.

„Зошто премиерот Мицкоски им става таков товар на нашите граѓани кои што живеат во дијаспора? Некој утре да им каже дека биле дел од изборна измама. Зошто ги изложуваат на таков ризик тие луѓе? Нека гласаат тука еднакво како што сите ние гласаме“, истакна Филипче.

Тој посочи дека СДСМ има аргументирани забелешки и за други предложени измени во Изборниот законик.

„Понатаму, зошто Државната изборна комисија да не може да одлучува за целокупниот материјал за изборите? Зошто мора да се земат предвид, согласно новиот предложен закон, приговорите кои што се внесени во записниците? Може некој нема да ги запише. Нема никаква логика“, рече Филипче.

Во однос на начинот на гласање, претседателот на СДСМ предупреди дека предложените измени отвораат сомнеж за можни манипулации.

„Зошто да дозволиме различно обележување на гласачкото ливче, што видовме и слушнавме? Како власт манипулира со изборите порано, до пред 10 години? За тоа јасно одредено се заокружува само бројот пред името на основната партија. И за тоа има логично објаснување. Но тоа што премиерот менува еднаш вака, еднаш така, само колку да помине законот, создава сомнеж“, нагласи Филипче.

Тој порача дека останува отворено прашањето зошто Владата инсистира на решенија што отвораат простор за сомнежи во изборниот процес.

„Зошто дозволува да се отвори врата за манипулација со изборниот процес? Ставаат товар на луѓето во дијаспората, дека утре тие можат да бидат обвинети дека учествувале во изборен грабеж. Зошто да им ставаме таков товар на тие луѓе? Нека дојдат, нека гласаат тука со фингерпринт и сè, како што ние гласаме сите“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Армијата се збогати со нова опрема преку Европскиот мировен фонд
Следна Статија Жив скопјанец цели 25 години се води како мртов, институциите се прогласуваат за ненадлежни наместо да ја исправат грешката

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Петрушевски: Да се истражи поврзаноста на Филипче и Заев со фирмата од која беа запленети 30 тони дрога

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, обвини дека на виделина излегла поврзаноста на поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот…

February 15, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Само СДСМ може да се спротивстави на хаосот што го прави ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, заедно со кандидатката за градоначалник на општина Карпош, Маја Мојсова Мијовска…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче бара уште еден референдум за ЕУ

Граѓаните се единствените кои можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена, rаспишете референдум,…

May 27, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во тек се внатрепартиските анкети за избор на кандидати за градоначалници

Во тек се анкетите за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на Владата и лидер на ВМРО…

March 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?