Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Атина се крена за железничката несреќа пред три години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Атина се крена за железничката несреќа пред три години
БАЛКАН

Атина се крена за железничката несреќа пред три години

Објавено February 28, 2026 18:11
Сподели
Сподели

– Под слоганите „Не беше несреќа, беше убиство“, „Правда за загинатите“, „Криминалот од Темпи да не се скрие“, илјадници граѓани протестираа на плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент во Атина на тригодишнината од железничката несреќа кај Темпи, а по завршувањето на официјалниот дел, имаше тензии меѓу полицијата и маскирани лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Официјалниот дел траеше нешто повеќе од два часа, започна со едноминутен молк и пораката „Бесмртни“, а на присутните им се обратија роднини на загинатите, татковци и мајки кои ги загубија нивните деца во несреќата што се случи на 28 февруари 2023 година со 57 жртви, повеќето од нив студенти.

Роднините на загинатите порачаа дека ќе се борат до крај сè додека не биде задоволена правдата и не бидат казнети одговорните.

Протестот во Атина беше организиран од Здружението „Темпи“ на роднините на загинатите и повредените во железничката несреќа, повици за учество упатија синдикати, граѓански и студентски здруженија и организации, работнички центри и дел од опозициските партии, а на собирот беа и лидерите на ПАСОК, СИРИЗА и Комунистичката партија.

На крајот од официјалниот дел и додека голем дел од демонстрантите си заминуваа, тензична беше атмосферата пред грчкиот Парламент, полицијата употреби солзавец и приведе неколку лица.

 

Протестот започна кусо пред 12 часот, а уште од рано утрово центарот на Атина беше под силно полициско обезбедување, на различни локации пред плоштадот Синтагма каде што беше собирот, постоеја полицајци кои ги проверуваа сите пешаци, како и нивните чанти, нешто што беше спроведено дури и за новинарите.

При овие превентивни контроли биле пронајдени неколку ранци со пластични шишиња со бензин, веројатно за молотови коктели, а пред за време и по протестот беа приведени над 100 лица.

Во текот на денешниот ден се одржаа над 100 протести, како низ цела Грција, така и во странство.

Железничката несреќа кај месноста Темпи е една од најголемите во последните над 50 години во Грција, кога два воза, патнички и товарен движејќи се по иста шина, но во спротивна насока директно се судрија и животот го загубија 57 лица, а над 100 беа повредени.

Тригодишнината е на нешто помалку од еден месец пред почетокот на долгоочекуваното судење закажано за 23 март во градот Лариса, со обвинети 36 лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Воздушниот простор затворен до понеделник – единаесет македонски државјани побарале евакуација од Израел
Следна Статија Jамал сам го разби Виљареал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Крвната одмазда се уште постои кај Црнорците и Албанците, ќе ја има ли и за масакрот во Цетиње?

Maсакрот во Цетиње за Нова Година не е единствен. Пред две и пол години, на 12 август 2022 година, Вук…

January 4, 2025
БАЛКАН

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Словенија

Голем број жители на Словенија утрово во 03:37 часот ги разбуди земјотрес на длабочина од 12 километри што беше почувствуван…

December 9, 2024
БАЛКАН

Не е веќе на интензивна: Нови информации за здравствената состојба на Ивица Дачиќ

Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ е префрлен од интензивната нега во…

March 6, 2026
БАЛКАН

По Вучевиќ оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад- студентите велат остануваме на блокадите

По српскиот премиер Вучевиќ неотповиклива оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ. Оставката следува по нападот на студенти…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?