Барди: Секогаш кога играме за националниот тим даваме се од себе

- Advertisement -

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди очекува нов добар меч на нашата фудбалска репрезентација на дуелот против Летонија во рамките на Лигата на Нации.

Барди ветува сличен пристап и одлучност да се освојат трите бода.

„Како и секогаш, одговорноста е кај сите нас. Јас ќе го дадам својот максимум, па дај Боже да биде како пред пет години. Помина грипот, добро се чувствувам и максимално сум подготвен за настап. 

Кога играте под притисок за докажување, секогаш вадите од себе максимален квалитет. Притисокот треба секогаш да го чувствуваме и треба да најдеме начин да го дадеме најдоброто од себе“, рече Енис Барди.

Сподели ја оваа статија