Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ветер со брзина на УРАГАН: Регистрирани ветрови со брзина од 134 км/час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ветер со брзина на УРАГАН: Регистрирани ветрови со брзина од 134 км/час
МАКЕДОНИЈА

Ветер со брзина на УРАГАН: Регистрирани ветрови со брзина од 134 км/час

Објавено July 22, 2026 13:19
Сподели
Сподели

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на ден 21 јули 2026 регистрираше исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

Од 47 мерни места за ветер во Републиката, олуја и олуен ветер со брзина од 62 до 88 км/час е регистриран на 12 мерни места, силна олуја со брзина од 88 до 102 км/час на 6 мерни места, орканска/ураганска олуја со брзина од 102 до 117 км/час на едно мерно место, а оркан/ураган со брзина над 118 км/час на 3 автоматски метеоролошки станици. На останатите мерни места е регистриран ветер со јачина под 62 км/час.
Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118 км/час. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери.

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 км/час со правец запад-северозапад (WNW).

Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 км/час со правец север-северозапад (NNW). Ветер со истата јачина од 130 км/час е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).

Со ова се потврдува дека на повеќе локации во државата се регистрирани оркански удари на ветер, што претставува редок и разорувачки метеоролошки настан.

Мониторингот на карактеристиките на ветерот се врши со специјализирани сензори и стандардни процедури, обезбедувајќи континуирани и прецизни податоци за струјното поле на ветерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ана Марија го засили Хајдук (ФОТО)
Следна Статија (ВИДЕО) Заборавенета лента на Меси: Бил блиску да заигра за Шпанија, примал хормон за раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се расчистуваат последиците од невремето во Скопје (ФОТО)

Полициските службеници се присутни на терен и постапуваат по сите пријави поврзани со последиците од невремето, во координација со останатите…

July 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со Дарко Панчев: Две деветки во напад, сигурна победа

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. „Две деветки во…

October 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве колку снег има на Попова Шапка и во Маврово, од утре нови врнежи на повеќе места

Попова Шапка и Маврови Анови утрово се најстудените места во државата. На мерните станици на Управата за хидрометеоролошки работи и…

December 22, 2024

Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра

Со инвестиција од милион евра надградена е безбедносната контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, каде денеска беа пуштени два нови уреди…

July 1, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?