Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот
ХРОНИКА

Видевски не се сеќава кај го сокрил пиштолот

Објавено March 26, 2025 16:49
Сподели
Сподели

Обвинетиот за убиствата на Вања и Панче, Боре Видевски не знае каде го ставил пиштолот кој го поседувал околу 30 години, го изнел од дома да го скрие на друго место надвор, ама не се сеќава каде го скрил. Имал одбивност кон оружје и го купил пиштолот поради помодарство, кажа денеска во судот.

Иако според претходните сведочења на Палевски, пиштолот на Видевски е клучот да се расветлат двете убиства, на прашањата на судијата Ивица Стефановски, каде му е пиштолот, тој не можеше да се сети.

Изнесовте пиштол од вашиот дом и не можете да се сетите каде е изнесен? – праша судијата

Ниту каде е изнесен, ниту каде е ставен. Го немам видено пиштолот околу две години пред да сум приведен. Лично не сум љубител на оружје, имам аверзија према оружје, купено е да не речам од помодарство пред околу 20-30 години, зошто имаше прилика да се набави лиценца.

Откако на неколку прашања на судијата Стефановски, Видевски не можеше да се сети каде му е пиштолот, каде го скрил, каде го чувал дома, го праша зошто го изнел од домот?

Не можам да наведам посебна причина зошто го изнесов од дома.

И денеска во судот негираше дека бил присутен на убиствата на Вања и Панче, иако обвинителките го читаа неговиот прв исказ- дека се согласил на киднапирања поради тоа што бил во лоша финансиска состојба, дека лично тој го нападнал Панче Жежовски за да можат да го врзат, а бил и на местото каде Палевски ја убил Вања. Но по 17 дена од првиот исказ, Видевски се предомислил и пред обвинителите кажа дека ниту бил вмешан ниту бил присутен за време на двете убиства. Морал така да каже зошто полицијата го тепала.

Видевски пред судијата тврдеше дека Палевски никогаш не му се заканувал. Следното рочиште е на 2 април, а следен за исказ е обвинетиот Влатко Кешишев.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таа беше музика, рече Биба Додева на комеморацијата во чест на прерано починатата Сара Пројковска
Следна Статија На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп, тврди Деаноски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Нов случај на мачење на куче во Крива Паланка: Врзано и влечено од автомобил, па фрлено во речно корито, го спасиле пожарникари

Нов случај на мачење на куче, повторно во Крива Паланка. Вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се…

August 14, 2025
ХРОНИКА

МВР со апел до граѓаните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки – веднаш да пријават во полиција

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се…

April 5, 2025
ХРОНИКА

Возач на Брзата помош од Берово фатен со дрога во болничкото возило

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во…

August 15, 2025
ХРОНИКА

Две жени од Скопје измамени за околу 12.500 евра

На 03.03.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за…

March 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?