Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > (ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Драматично во Крива Паланка: Приведен сопственикот на кравите, ќерките жестоко реагираа

Објавено December 2, 2025 20:05
Сподели
Сподели

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на над 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство кои дошле да ги одземат животните.

На социјалните мрежи се појави и видео, снимено од неговата ќерка, на кое се гледа моментот кога инспекторскиот тим се обидува да ја спроведе одлуката за одземање на кравите – стадо што со месеци предизвикувало штета на земјоделските површини на локалните жители. Во видеото се слуша како неговите ќерки викаат на помош додека полицијата интервенира за да го приведе нивниот татко.

По краток отпор, човекот бил обезбедeн и префрлен во полициската станица во Крива Паланка.

Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдија дека е отворен предмет кој ќе се води по брза постапка. Случајот ќе биде разгледан утре, кога обвинителството ќе го добие официјалниот извештај од полицијата.

Инаку, минатата недела мештаните протестираа поради штетите што ги правеле кравите и поради, како што тврдат, закани од поранешниот сопственик и неговите ќерки по поднесените пријави.

Драматичната сцена од денешниот ден само го продлабочува долготрајниот конфликт кој веќе месеци ја вознемирува локалната заедница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поставен нов софистициран скенер во ЦИ Пошти – голем чекор напред во борбата против шверц на оружје и дрога во поштенски пратки
Следна Статија Уставната судијка Јадранка Дабовиќ Анастасовска поднесе оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пратеник на Левица учесник во сообраќајка со млад мотоциклист кој се бори за живот

Во 00:45 часот,во с.Марино на крстосницата од ул.10 и сервисната улица, случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ Хундаи Туксон управувано…

September 14, 2025
ХРОНИКА

Притвор од осум дена за лице кое се обидело да запали албанско знаме

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.К. (20) од Скопје поради сторено кривично дело по…

December 3, 2024
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Голем пожар во Кочани, изгореа три автобуси и едно комбе

Ноќеска избувнал голем пожар на излезот од Кочани, во близина на бензинската пумпа „Авто Петрол“ кај населбата Оризари. Како што…

July 1, 2025
ХРОНИКА

Поднесено обвинение за убиството на турски државјанин во Штип

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Штип поднесе Обвинителен акт за петмина турски државјани инволвирани во убиството на Енес…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?