(ВИДЕО) Нападнат кралот на Шпанија, тој и кралицата беа гаѓани со кал во Валенсија

- Advertisement -

Шпанскиот крал Фелипе Шести се соочи со гневни демонстранти за време на посетата на регионот Валенсија, кој е погоден од невидени поплави. На снимката се гледаат гневните демонстранти како извикуваат „убијци“ и „срам“ на премиерот Санчез и кралот.

Го прашале и зошто ништо не е преземено за да се избегне трагедијата. Некој од толпата фрлаше и кал по него.

Кралот Филип извесно време остана со демонстрантите, но тие формираа кордон за да спречат нов напад.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите, а многу се водат за исчезнати.

Вработените во итната помош продолжуваат да ги пребаруваат подземните паркинзи и тунелите со надеж дека ќе најдат преживеани и ќе извлечат тела.

Сподели ја оваа статија