Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
БАЛКАН

Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд

Објавено June 25, 2026 15:52
Сподели
Сподели

Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун.

Грчките власти информираа дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци.

Според најавите, коловозот во западниот правец, односно кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

Во истиот период ќе биде затворен и источниот правец, кој води кон аеродромот и туристичките места на Халкидики.

Дополнително, надвозникот што ги поврзува Пилеа и Панорама ќе биде затворен од сабота, во 05 часот наутро, до недела, во 23 часот.

Во текот на ограничувањата, возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни сообраќајници низ урбаното подрачје на Солун, поради што се очекува зголемена фреквенција на возила и создавање метеж, особено во шпицот на туристичката сезона.

Надлежните служби препорачуваат патниците навреме да го испланираат своето патување, да се информираат за алтернативните рути и да предвидат дополнително време за патување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Храбриот Зеленски се снаоѓа прилично добро во војната со Русија
Следна Статија Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Белградски Чациленд „одлета во небо“ (ВИДЕО)

Шаторскиот камп Чациланд во Белград, подигнат во близина на српскиот парламент, беше збришан по невремето што вчера го зафати Белград,…

July 9, 2025
БАЛКАН

Koмитетот за човекови права уште еднаш констатираше дека Бугарија не ги почитува правата на Македонците

Невладината организација „Правозаштитен комитет Толерантност”, врз основа на Законот за непрофитни правни субјекти и покрај тоа што ги достави сите…

April 11, 2026
БАЛКАН

(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија. „Вечерва малку…

August 17, 2025
БАЛКАН

Хотелите во Будва бараат 5.000 сезонски работници

Со приближувањето на летната туристичка сезона, хотелите на црногорското приморје повторно се соочуваат со истиот проблем – недостиг на работна…

March 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?