Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
СПОРТ

Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити

Објавено September 2, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Џанлуиџи Донарума е последното засилување на Манчестер сити, во летниот преоден рок, потврди англискиот клуб во објава на социјалните мрежи.

Донарума, до неодамна голман на Пари Сен Жермен, пристигна во синиот дел на Манчестер во трансфер вреден околу 35.000.000 евра.

Сити евтино помина бидејќи Донарума влезе во последната година од договорот. Пари Сен Жермен, не сакаше да дозволи по завршувањето на сезоната тој да замине без обесштетување, што им се случи минатото лето со Килијан Мбапе.

Џиџи има само 26 години, а зенитот на неговата кариера допрва треба да дојде. Тој ја освои Лига 1 четири пати, додека еднаш го крена Купот на Франција. Ја освои Европа со „Аѕурите“ во 2021 година, а ја освои и Лигата на шампионите со Парижаните во мај. Потоа беше прогласен за најдобар голман на Стариот континент, сосема заслужено.

Сепак, љубовта пукна и тој не успеа да постигне договор со челниците на клубот од „Паркот на принцовите“ во врска со продолжувањето на соработката.

Потоа Луис Енрике го доведе Лукас Шевалие од Лил како прва опција на голот, а Сити го испрати Едерсон во Фенербахче за да направи место за Донарума.

Италијанецот потпиша петгодишен договор, со плата од 15.000.000 евра во првата сезона, со постепено зголемување во наредните години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби
Следна Статија Петрушевски: Дали Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките со кои се прислушувани Мицкоски, новинари и бизнисмени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Челзи игра како препороден, влезе во полуфиналето на СКП

Челзи му се приклучи на Флуминенсе во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако лондонскиот клуб утрово во четвртфиналето во Филаделфија…

July 5, 2025
СПОРТ

Црвена ѕвезда продаде уште еден играч, за пет милиони евра 18-годишниот Лазар Јовановиќ оди во Штутгарт

Белградска Црвена ѕвезда за пет милиони евра го продаде 18-годишниот Лазар Јовановиќ на Штутгарт, кој игра на позицијата десно крило.…

July 8, 2025
СПОРТ

Историски успех за Македонија: Андреас Трајковски е осми во Европа

Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала, што се одржува…

March 8, 2025
СПОРТ

Трајковски освои бронза на Балканијадата во Грција

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканските игри што се одржуваат во Волос, Грција.…

July 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?