Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: ВЛЕН се обедини за да пропадне
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: ВЛЕН се обедини за да пропадне
ПОЛИТИКА

ДУИ: ВЛЕН се обедини за да пропадне

Објавено May 10, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција (ДУИ) излезе со жестоко соопштение по повод конгресот на ВЛЕН, нарекувајќи го нивното обединување „очаен крик за политички опстанок“ и „пазар на ега“. Од партијата во опозиција сметаат дека изборот на двајца претседатели е директно признание за целосната недоверба и фрагментирање во редовите на владејачката албанска коалиција.

„Иронијата е целосна – ВЛЕН избра двајца кормилари да го водат истиот брод што веќе забрзано тоне. Вистината е јасна: ВЛЕН се обедини само за заедно да се распадне“, стои во реакцијата на ДУИ, во која се додава дека клучни функционери веќе почнале да го напуштаат, како што го нарекуваат, „овој неуспешен проект наменет само за спас на неколку политички кариери“.

ДУИ направи и детална анализа на досегашното владеење на ВЛЕН, оценувајќи го билансот на нивните клучни ветувања со нула. Според нив, ВЛЕН целосно го напуштила ветувањето за уставни измени, не спровела децентрализација, а идејата за албанска академија „завршила полошо и од локално здружение“.

Особено остри критики беа упатени на економски план. ДУИ ги обвинува ривалите дека наместо „Албанска банка“, дозволиле влез на српски капитал преку Алта Банка, додека ветувањето за затворање на казината се покажало како лага.

„Законот беше повлечен од Собранието, додека Изет Меџити продолжи да профитира од монополот ‘Мегавин’“, тврдат од ДУИ. Соопштението завршува со сериозна закана – партијата најавува дека функционерите на ВЛЕН многу брзо ќе бидат подложени на итен меѓународен ветинг и целосна ревизија на имотот, особено на, како што велат, „кланот околу Меџити“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
Следна Статија Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Герасимовски зад себе остави хаос, безредие и дивоградби

Градоначалникот на СДСМ од Центар, Горан Герасимовски, човекот кој сака да се претстави како чесен, скромен, невин и наивен градоначалник,…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда

Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативната средба на опозициските партии,…

July 13, 2026
ПОЛИТИКА

Mицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни блокади, поради што се доведува во прашање интегритетот на самиот процес

Денешната посета не претставува само дипломатска средба меѓу две влади, туку и потврда на едно пријателство кое се градело со…

May 26, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска соопшти дека секојдневно е предмет на јавен линч преку „груби лаги“, постојана црна кампања…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?