Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни
ЕКОНОМИЈА

Занаетчиите бараат мерките од Оперативниот план да бидат подостапни

Објавено July 20, 2026 20:02
Сподели
Сподели

Мерките од Оперативниот план за вработување да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот за аплицирање и постапката за добивањето на поддршката да биде транспарентна како во изминатиот период, му порача денеска Занаетчиската комора на заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Како што истакна заменик-министерот, засега најатрактивна е мерката Поддршка за креирање нови работни места, но не помал интерес има и за мерката Обука за работно место кај конкретен работодавач. Според претседателот на Занаетчиската комора, Горан Ристовски, кој ги поздрави сите мерки од Оперативниот план, најпривлечни за занаетчиите се помошта за самовработување и поддршката за обука за работно место.

-Актуелните мерки за вработување се значајна алатка во занаетчиството, бидејќи знаеме со какви сè проблеми занаетчиите се соочуваат од аспект на недостиг на работна сила во ова време во кое што имаме и иселување. Меѓутоа, со вакви мерки и со ваков Оперативен план се надеваме дека ќе ги мотивираме младите да останат во државата. Јас особено би ги поздравил мерките за самовработување и за обука кај конкретен работодавач, бидејќи работодавачот може да формира и да обучи кадар. Ние како Занаетчиска комора сакаме овие мерки да бидат достапни за секој занаетчија, да биде поедноставен начинот на нивно аплицирање и да биде добивањето ваква помош транспарентно, што не се сомневаме, бидејќи и во изминатиот период тоа беше на исклучително високо ниво, рече Ристовски.

Заменик-министерот за економија и труд потсети на условите потребни за аплицирање и на роковите. Воедно ги повика сите занаетчии и невработени лица, да го искористат овој период, да се пријават во Агенцијата за вработување и да бидат корисници на некоја од мерките на Оперативниот план.

-Имавме големо роуд-шоу низ Македонија, ги посетивме сите поголеми центри, општини,… Како што се објавуваат мерките, така ние организираме средби со различните засегнати страни. Минатата недела бевме со стопанските комори на ниво на Македонија, а сега сме тука, во најголемата Занаетчиска комора на Град Скопје. Во моментов тече промоцијата на две атрактивни мерки. Едната, заедно со претходно завршената мерка самовработување, би рекол е најатрактивна од сите во Оперативниот план. Се работи Поддршка за креирање нови работни места. Втората е Обука на работно место кај конкретен работодавач. Овие мерки се доста актуелни, исто како мерката и самовработување преку која се отвораат голем број нови бизниси, односно занаети, а со тоа се зголемува и семејството на Занаетчиската комора. Имаме голема поддршка во информирање на сите оние што сакаат да бидат идни занаетчии, да се пријавуваат за оваа мерка – самовработување, а исто така доста актуелна за занаетчиите, за микро, мали и средни претпријатија е и тековната мерка Поддршка за креирање нови работни места, односно поддршка на правните субјекти за вработување невработени лица, рече Ристески.

Мерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ има за цел да ги подобрат вештините и квалификациите на невработените лица за нивна поуспешна интеграција на пазарот на труд. Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени 50 невработени лица, кои во период од 3 месеци ќе поминат обука кај конкретен работодавач. За овој период лица што ќе посетуваат обука ќе добијат месечен надоместок во висина од 12.000 денари со вклучено осигурување, додека на работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 30.000 денари по обучено лице по завршена обука. По завршување на обуката, работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од лицата вклучени во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. Максималниот број на лица за вклучување во обука е 3 лица доколку се пријави работодавач со еден вработен. Максималниот број на лица за вклучување во обука кај еден работодавач изнесува 12 лица во зависност од бројот на вработени лица.

Јавниот повик за „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ трае до 30.11.2026 година или до потполнување на планираниот опфат на лица.

Со вториот јавен повик „Вработување и раст на правни субјекти“ се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Со мерката една компанија може да аплицира за најмногу 5 нови работни места, а сумата варира

според категоријата на лица од 160.000 до 250.000 денари, што значи дека најголемата поддршка за една компанија може да биде до 1.250.000 денари.

Јавниот повик за мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ е активен до петок (24 јули 2026 година)

-Целта на Оперативниот план е да се намали степенот на невработеност во Македонија и главен приоритет и цел на сите нас, и на Владата, и на работодавачите, меѓутоа и на сите граѓани во Македонија, е да ги задржиме, посебно, младите невработени лица до 29 години, подвлече заменик-министерот Ристески на средбата во Занаетчиската комора.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ дизелот поскапува за 6, бензините за 3 денари
Следна Статија СДСМ: Граѓаните на Гостивар заслужуваат да ја знаат вистината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: На маса со синдидатите е покачување на платите на административците за 40%

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, ја оцени денешната средба со УПОЗ како конструктивна, потенцирајќи…

February 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Стојановски: Нашата цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните

Македонија мора активно да се поврзува со соседите и да создаде нови патишта на развој. Проектот за брза пруга кој…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од Скопскиот аеродром до 44 дестинации со зимскиот ред на летање, до четири од Охридскиот

Со новиот зимски ред на летање, што стапува во сила на полноќ, од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“

Во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“ на 12 јуни годинава ќе се одржи состанок помеѓу министрите од Западен Балкан…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?